Вардар – Шкендија, меч од висок ризик – доколку одите на трибини, треба да го знаете ова

0

Денес на програмата во Првата македонска фудбалска лига е дерби пресметката помеѓу Вардар и Шкендија, дуел кој може многу да одлучи во кој правец ќе се движи распоредот на табелата до крајот на есенскиот дел од шампионатот.

Од канцеларијата на Вардар пред денешниот дуел кој ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари со почеток од 14:30 часот уште еднаш повикаа на фер и коректно навивање од своите навивачи.

-Уште еднаш потсетуваме дека мечот е прогласен од висок ризик, и за него важат специјални безбедносни мерки. На гостинските фанови и симпатизери нема да им биде дозволен влез на трибините на стадионот „Борис Трајковски“. Внесувањето на остри и трврди предмети, како и пиротехнички средства е строго забрането. Трибината на стадионот се отвора во 13:30 часот, а се затвора во 14:20 часот, односно 10 минути пред почетокот на мечот. Затоа апелираме да дојдете во овој термин на стадион, затоа што по затворањето на вратите, нема да биде дозволен влез на трибините. Исто така апел и до службените лица да дојдат порано на стадионот. ФК Вардар напоменува дека при купување на билет, задолжително е покажување на документ за лична идентификација, по принципот еден билет – една влезница. На крај до фановите кои ќе бидат присутни, да се однесуваат во рамките на фер и коректноста на овој меч, да навиваат коректно и спортски, и да му дадат поддршка на Вардар да дојде до нова победа во првенството,- велат од таму.

Секој кој сака да го проследи дуелот, ќе треба внимателно да ги следи насоките од претпоставените луѓе во Вардар.

Претходна статијаЦрвен аларм во Шкотска: Избега црн пантер, полицијата го бара и со хиликоптери
Следна статијаНе се реформаторите, има нова фракција во ВМРО-ДПМНЕ: Ќе замине ли Мицкоски од тронот?