(ФОТО) Русија нема да го промени ставот, за нив остануваме Репбулика Македонија

0

Русија нема да го промени ставот, за нив остануваме Репбулика Македонија

Руската федерација по гласањето во македонското Собрание за промена на името преку Твитер реагираше во одбрана на уставното име на Македонија.

,,#Русија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, пишува на официјалниот твитер-профил на руската амбасада во Скопје.

Претходно, руското МНР најави дека иако македонскиот народ не излегол на референдумот, некој со сила сака да го промени името, со цел влез во ЕУ и НАТО.

„Нашиот принципиелен став останува ист: долгорочното решение може само да се договори од двете страни самостојно, без никакво надворешно мешање, и само во рамките на законот и со широка јавна поддршка. Преспанскиот договор јасно не ги исполнува овие критериуми. Не е во согласност со меѓународното право и со Уставот на Македонија, што повеќепати го истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов, вклучително и на Генералното собрание на ОН.

Како постојана член на Советот за безбедност на ОН, Русија внимателно го следи развојот на оваа ситуација. Поаѓаме од фактот дека според став 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН, резултатите од разговорите меѓу Скопје и Атина ќе бидат разгледани во Советот за безбедност на ОН“. – се вели во соопштението на руското МНР.

Претходна статијаНајчевска за Каракамишева: Не смее да се дозволува глупи луѓе да бидат професори
Следна статијаСтрашна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, еден не издржа, четворица се сериозно повредени