На Јеца Карлеуша и падна секирата во мед – Тошиќ и купил куќа од 2.5 милиони евра

0

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ купија куќа во Белград, за која фудбалерот, како штосе слуша, дебело го одврзал ќесето и платил околу два и пол милиони евра, пишуваат српските портали!

Јелена ги потврдила овие информации со духовит коментар.

„Купивме многу убава нова куќа. Наскоро се селиме таму, ја средуваме, ни треба нов мебел од странство. Многу сум му благодарна на мојот сопруг, бидејќи сите што ги заработив, го потрошив на облека“ – духовито прокоментирала Јелена.

Додека тие го средуваат, медиумите веќе дознаваат дека новиот дом на Карлеуша и Тошиќ има дури пет бањи и огромен двор, а што е најинтересно Јелена и Душко имаат секој своја бања и тоалет, бидејќи тоа е, како што вели Карлеуша „тајната на среќниот брак“. Во новиот дом на Дедиње, Јелена и Душко влегуваат кон крајот на ноември.

Претходна статијаШирум Македонија полицијата на нозе: Пратениците кои гласаа „за“ се чуваат дома
Следна статијаДа ви е страв да се возите во автобусите на ЈСП: Како на филм упаднале во „81“ и претепале четири лица