Елена Велевска: Со маж ми се смиривме на тој начин што отидовме во кревет

0

Пред еден месец во еден медиум се појави веста дека македонската фолкерка Елена Велевска се разведува од својот сопруг Марјан Мирчевски, а таа сега призна дека се смириле.

Во интервју за „Екслузив“, Велевска прозбори за семејното насилство и откри дека не било физичко туку психичко насилство: „Сите го сфатија тоа дека јас сум претепана. Јас сум одлично. Повеќе стануваше збор за психичко насилство кое со долг разговор успеавме да го балансираме и да воспоставиме рамнотежа“, изјави Велевска.

На прашањето како дошло до смирување, Велевска одбегнуваше да одговори: „Па, видете никој не си одеше од дома. Јас само што поднесов тужба сите пишуваа дека Елена Велевска се разведе“ вели Велевска која не сакаше да ги открие деталите за смирувањето.

„Ние никогаш не се ни разделивме бидејќи тука се децата кои страшно не врзуваат. Ние како родители премногу сме посветени на нив“ вели Велевска и истакна дека се уште го сака сопругот и поради тоа е во брак со него. Да, затоа сум во брак со него.

Никогаш не се омажив да ме одведе некој во дијаспората.Тој сам е свесен дека станува збор за успешен човек.Ова е добро согласување и се надевам дека така ќе продолжи“ изјави Велевска.

„Како се смиривме? За раче и во кревет. Не знам што има конкретно да се смирува“, вели Велевска.

Извор: Булевар21

Претходна статијаНова кривична за статус на Фејсбук: По Тони Михајловски, доби и Миленко Неделковски
Следна статијаПрави по 3000 евра месечно: Мартин работи на црно во Германија и открива како функционира целиот систем