Нова кривична за статус на Фејсбук: По Тони Михајловски, доби и Миленко Неделковски

0

Уште една јавна личност ќе се гони кривично поради статус на Фејсбук. По актерот Тони Михајловски, сега на ред дојде новинарот Миленко Неделковски кој ќе се гони за ширење расистички и ксенофобичен материјал, во врска со неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук каде се ситеше на пожарите во Атика, Грција.

Против Неделковски е поднесен обвинителен предлог и му се заканува казна затвор од една до пет години.

Фејсбук статусот поради кој е му е поднесено обвинението, предизвика осуда во јавноста поради неговата нечовечност и немање емпатија за жртвите во Атика.

Од Обвинителството велат дека Неделковски не дал исказ пред надлежен јавен обвинител, затоа што не бил достапен на неговата адреса за да му биде врачена покана.

„Лицето се товари дека на 24.07.2018 година, преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Имено, осомничениот како јавна личност – новинар, на својот јавен профил на една социјална мрежа, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви. Притоа со коментарот промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.

Повеќе прочитајте на Фокус.

Претходна статијаАмнестијата на дело: Од Шутка право во Собрание
Следна статијаЕлена Велевска: Со маж ми се смиривме на тој начин што отидовме во кревет