„Јас сум давеник во море“: Каде е и што прави 11 години подоцна менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ

0

Лилјана Петровиќ, поранешната менаџерка на Тоше Проевски, неодамна ги демантираше шпекулациите дека повторно почнала да работи како менаџер на млад пејач. Таа во интервју за босанскиот магазин „Азра“ проговори по 10 години молк и целосна повлеченост од медиумите.

Таа открива и како изгледа нејзиниот живот по смртта на Тоше.

-Последните 10 години се обидувам да научам достоинствено да се носам со тагата, да бидам подобар човек отколку што сум. Многу работам и се трудам моите дела да зборуваат за мене – вели Лилјана во интервјуто.

Со прераната смрт на Тоше никој не може да се помири. Медиумскиот линч беше голем и се бараше виновник за неговото прерано заминување. Петровиќ открива како го преживувала тој период.

-Работејќи со Тоше сите тие години, научив да се носам со лоши луѓе, со невистини кои ни тогаш не не штедеа, па не ме изненадува ни што се случуваше по неговото заминување. Разбирам дека тоа е огромна загуба, голема болка, ама не разбирам притоа да не ја почитуваат и туѓата болка.

Се чувствував како давеник во море кој сите го туркаат надолу само за тие да дојдат до здив, за ним да им биде полесно. Тагата и болката што јас ги доживеав можат да се споредат само со тагата на неговото семејство, бидејќи само нивната болка е поголема од мојата – открива Лилјана.

Таа вели дека нема потреба да оди во Крушево.

„Јас Тоше го носам во срцето. Тие сеќавања и чувства се само мои и немам потреба да ги делам, како што немам потреба ни да бидам видена во Крушево, ни каде било на друго место што би дало повод за пишување шпекулации“.

Лилјана има плантажа со лаванди. Тоа е работата на која се посвети по смртта на Тоше.

Таа мирот го најде во својот роден крај, на Сува Планина кај Бела Паланка, и таму ја оствари својата желба, да направи плантажа на лаванда, растение кое е многу ценето во индустријата за лекови, храна и козметика.

Нејзината органска плантажа на 600.000 растенија вистинска лаванда се простира на повеќе од 27 хектари, со што е една од трите најголеми плантажи во Европа, погледнете:

Претходна статијаДеветнаесет годишната Сања од Скопје со своето пеење предизвика жирито да падне од столче (ВИДЕО)
Следна статијаСе венчавме, отидовме на меден месец, ама со нас дојде и свекрва ми – епа живеј си со мама тогаш