Познатата поп пејачка Емина Јаховиќ доживеа сообраќајна несреќа по судир со автомобили
Емина Јаховиќ доживеа сообраќајна несреќа во текот на денешниот ден. Откако некои медиуми ја пренесоа веста дека и е загрозен животот, се огласи и самата пејачка преку официјално соопштение. Таа соопштението го објави на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Се чувствувам добро по сообраќајката и не, мојот живот не е загрозен“ – пишува во нејзиното соопштение до јавноста.
„На снимање сум во Белград а бидејќи се уште сум под стрес, ќе работам вечерва. Во благодарам на сите за поддршката“, заклучи Емина.
Како што пренесуваат српските медиуми, Емина има мали повреди, неколку модринки, но отишла да прими инфузија и продолжила со снимањето на спотот.