Жељко и Јована со голем повод за славење

0

Јована и Жељко Јоксимовиќ пред една година станаа родители на нивните ќерки, близначките Ана и Срна. Пред ќерките тие го добија и синот Коста, а од првиот брак Жељко ја има ќерката Мина.Жељко неодамна откри дека животот потполно им се променил откако во нивниот живот пристигнале близначките.

„Се будам рано поради Јована бидејќи води Утринска емисија. Меѓутоа, сега децата се рекордери во раното будење. Стануваат во 4и30, па повторно заспиваат во 6и30“, изјави Жељко за „Блиц“.

Јована и Жељко близначките ги крстија Ана и Срна, а откри зошто токму се определиле за овие имиња.

„Името Ана беше желба на Јована од детството, па од прв момент знаевме дека една од нив така ќе се вика. За другото име долго време размислувавме, а некако Срна ни беше драго и на двајцата“, изјави Жељко. Деновиве, Јована и Жељко имаа голем повод за славење, односно нивните ќеркички наполнија една година.

Претходна статијаСопругата на Саша Поповиќ: Никогаш нема да бидам дел од “Sвездите на Гранд”
Следна статијаВИДЕО: Слушнете како звучи овој ангелскиот хор снимен во празна црква на врвот на Света Гора