Иван од Либеро кај Лазаров проговори дали го следи лоша карма после Јана Серафимова (ВИДЕО)

0

Во една прилика, Гиговска и Иван имаат изјавено дека поради разликата во годините (Иван е 10 години постар) на почетокот од врската имале проблеми, но тие потоа биле надминати.

Во октомври минатата година Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов, фронтменот на групата „Либеро бенд“ раскинаа.

Според информациите на „Убавина и здравје“, парот наводно пријателски се разделил, без расправии, без лоши зборови, односно се договориле да останат само пријатели.

Да, вистина е дека Иван и Антониа не се повеќе заедно. Но, она што е најважно што тие останаа во добри односи. Не верувам дека ќе се дружат и ќе пијат зеадно кафиња после сѐ, но важно останаа во „ок“ односи, потврди нивни заеднички пријател за магазинот.

За Женски Магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа што научила од него.

„Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.

Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа (секакви клевети и невистини) да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата.

Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг. Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјави Антониа.

Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, објави дека е бремена.

Роберт познат под прекарот Џокер, е дел од нејзниот бенд, и сме ги виделе на доста заеднички видеа на социјалните мрежи.

Покрај тоа тој е и долгогодишен пријател и со поранешното момче на Антониа, Иван, судејќи по нивните заеднички фотографии и видеа.

Инаку, Иван од Либеро Бенд, сега е сингл. Пред Антониа, тој беше во врска со водителката Јана Серафимова која се омажи за Горан Петровски.

Јана прво беше во ТВ 24, а потоа во Сител а сега води спортска емисија на Телма.

Јана е една од оние убавици за кои рекоа дека ќе го разубави македонското спортско новинарство, и навистина е така.

Откако Јана се омажи, а Антониа објави дека е пред мажење, очекуваме дека и Иван наскоро ќе изненади со убави вести поврзани со љубовта.

Иван беше новиот гостин во подкастот на Лазаров, заедно со Зоки Фаци, каде што ја коментираа ситуацијата со Антониа.

Зоки Фаци го праша Иван, дали тој бил свесен дека Антониа имала нешто со Роберт, додека биле заедно:

-Знаеш што, вие на социјалните мрежи изгледавте многу среќни. Слики стававте, јас ве следев цело време, на порталите, заљубени, дали ти беше свесен дека те вара?

А Иван одговори:

-Не сакав да ја елаборирам темава, а иначе спремен бев за вакви прашања, нормално. Не знаев, дознав и нели не ти е сеедно.

Кога да речеме си почитувал некого долг период и си бил заедно, и кога се случува нешто што се случува, сите правиме грешки.

Мене од сѐ што ми се случило во животот, сум извлекол поука и сум излегол посилен и сум газел во кариерата напред.

Според мене, секој си е на местото кај што треба да си биде и му се случува тоа што треба да му се случи. Не можеш ти да знаеш што ќе се случи.

Како дознав.. Тие се споија бидејќи Антониа требаше да прави бенд и јас сум сигурен дека Роберт е еден од подобрите клавијатуристи во државата и знаев дека тој најдобро ќе се вклопи во бендот, бидејќи пред сѐ е добар музичар.

Јас сум човек што не се кара и не се лути. Не сум навреден, меѓутоа бев повреден. Јас сум таму кај што сум, да се живи и здрави.

Потоа, Лазаров му рече на Иван дека кружат муабети дека го уд рила кармата бидејќи тој ја оставил водителката Јана Серафимова, со која беа заедно 10 години.

-Не е точно тоа, не бевме спремни да се земеме. Бевме млади, види кога си долго со некоја особа, или се решаваш на чекор, едното е да продолжиш, а другото е да прекинеш.

Јас во тој период заклучив дека треба ние да прекинеме. Јана е страшна девојка, одлична личност, образована, одличен новинар, има одлична емисија, што јас и знаев дека ќе успее во тоа бидејќи, јас додека бев со неа, ја подржував многу на таа тема.

Во принцип, не се каам за ништо што сум направил во животот, да не ми се случеле тие работи, немало да сум тоа што сум сега, рече Иван.

Претходна статијаГо имав најтажниот развод: Никој во историјата не се развел вака – Верица Шерифовиќ ги откри деталите од својот брак
Следна статијаЈасмин ја сними Гавазова во невидено издание (ВИДЕ0)