Антонио Милошоски правеше палачинки и откри која е најважната состојка (ВИДЕО)

0

Антонио Милошоски е македонски политичар и дипломат, роден на 14 декември 1974 година.

Антонио Милошоски завршил студии по меѓународни односи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Потоа продолжил со образованието во Соединетите Американски Држави, каде што стекнал магистерски степен по меѓународни односи и бизнис администрација на Универзитетот “Џорџтаун” во Вашингтон Д.Ц.

Милошоски е актуелен пратеник во Парламентот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а во минатото, вршеше низа одговорни државни функции.

Антонио Милошоски политичката кариера ја почна како портпарол на Владата на основачот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, кој беше премиер во периодот од 1998 до 2002 година.

Во владата ма поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Антонио Милошоски беше Министер за надворешни работи.

Во времето на Груевски, се донесе закон за трето дете, при што, семејствата кои се одлучуваа на овој чекор добиваа низа поволности.

Како пример за многудетно семејство, се двајцата истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Антонио Милошоски.

Едно априлско утро, пред три години, Милошоски ги извести своите роднини и пријатели, дека добил петто дете:

„Драги пријатели, во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест.

Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!

Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.

Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!“, напиша Милошоски на својот Фејсбук-профил“, напиша тогаш Милошоски.

Милошоски често, речиси секојдневно објавува слики и информира како се грижи за своите деца, со кои поминува поголем дел од времето.

Тој синоќа објави видео, на кое покажа дека на својата сопруга и помага во сите домашни активности.

Антонио подготвуваше палачинки и притоа обзнани, која е неговата главна состојка за овој рецепт:

„Неделна подготовка за семејна вечера, домашни палачинки со мед или нутела, и најважната состојка: љубов“

Претходна статијаГи покажа стомачните- Тамара шерна слика од теретана, вака никогаш не изгледала (ФОТО)
Следна статијаНовинарот Мишко Иванов се врати во родниот град со сопругата- има посебен повод за тоа (ФОТО)