Сале, Македонецот кој се натпреварува во музичкото шоу „Sвезде Гранда“ имал сериозни проблеми со алк охолот, а пред некое време на оваа тема конечно си ја отвори душата и самиот Јосифовски.
„Не почнав да пијам поради некоја лична емотивна приказна и немав тежок живот. Едноставно ме понесе еуфоријата на радоста. Секогаш пиев кога бев весел.
Имам екипа со која свирам по клубови и постојано пиевме за време на тие свирки. Така и се случи да излезам од колосек“, раскажува Александар.
Во тогашното интервју за српски „Курир“ открива дека веќе шест месеци е трезен, како што вели, благодарение на инјекциите и таблетите кои му се редовна терапија.
„Постојат блокатори кои ги земате и така станувате алергични на ал кохол. Дури и мала доза може да биде трагична по вашето здравје.
На почетокот ми беше тешко, но сега е сѐ подобро без ал кохол, многу е поубаво со бистра глава, полесно е, рече Николовски.
Сега ми се гади од тоа што сум пиел и како сум се однесувал“, признава талентираниот музичар, пренесоа српските медиуми.
Јосифовски често покажува каде е и како ужива, заслужено. Она што е интересно за него е тоа што во една прилика раскажа за неговиот дом во Охрид, кој е прекрасно уреден во аристократски стил, а за „Црно бело“, рече:
„Идејата за уредувањето на домот беше фамилијарна, односно моја и на сопругата, а учество во уредувањето имаше и мајка ми.
Идејата беше да има аристократски шмек со дизајни како од минатото за да се чувствуваме убаво како на филм. Отсекогаш сум сакал да го направам тоа и еве конечно си го реализирав сонот.
Но, мора да признаам самиот процес на уредување беше навистина макотрпен.
Тешко е кога треба да се договори каква боја да биде, што да биде, па јас изигрував мајстор од тоа каков тип да биде ѕидот, па до лајсни и сите детали.
Пред сè идејата беше да се направи топол дом со убава атмосфера и светлина. За мене светлината е клучна.
Почнавме со столбови во аристократски грчки стил.
Целиот процес беше како една сложувалка, ова одговара со тоа, ова не и сето тоа траеше околу 2,3 месеци. Сега сè е комплетирано.“
Александар пред некое време објави слика во кола и стави локација дека се наоѓа во Флорида, која ја нарече неговиот втор дом.
Натпреварот „Ѕвезда Гранда“ роди големи ѕвезди, многу љубов, но и пријателства меѓу пејачите, а со тоа можат да се пофалат и Белма Хусенефендиќ и Александар Јосифовски, кои неодамна своето пријателство го крунисаа со дует.
-Ми значи тоа што секогаш сакаше да се консултира со мене и разговаравме за сѐ. Бевме како отворена книга еден за друг.
Мене ми значи дека некој со силен став, глас и изглед сакал да застанам до него. Тоа не е мала работа, да ви кажам – рече Белма, а Јосифовски поцрвене и го покри лицето со рацете.
Досега се покажа дека многу ретко се случува учесниците на „Ѕвезда Гранда“ да снимаат дует со колегите од натпреварот, што ги прави Белма и Јосифовски уште погорди, а не кријат дека планираат уште заеднички проекти.
– На првиот пат кликнавме по вкус и однесување. Александар, десет празни места, па сите останати – истакна пејачката, а Александар не остана имун на нејзините зборови.
– Срце мое!- ѝ рече со насмевка.
Судејќи според реакциите на публиката, нумерата на Белма и Александар брзо се најде до срцата на слушателите, но многумина беа изненадени од оваа комбинација, а Белма неодамна објасни како дошло до соработката.
– Летово ми се јави Јосифовски и ми предложи да снимиме песна, без размислување се согласив уште пред да ја слушнам песната. Беше чуден натпревар, спотот го снимавме во Македонија, тоа беше прекрасно и незаборавно искуство што го доживеав неодамна.