Агнеса кај Лазаров проговори дали била изневерена од Боби (ВИДЕО)

0

Јавноста почна да зборува за Aгнеса во времето на ко роната, кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја навреди во статус на Фејсбук.

„Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, рече Агнеса за „Репортер“.

Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик.

„На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена била Агнеса.

Aгнеса учествуваше во подкастот на Стефан Лазаров, а беа гости заедно со Зоки Фаци.

Лазаров постојано ја прашуваше Агнеса за нејзиниот приватен живот, а таа во интервјуто од речиси 2 и пол часа зборуваше за убавите, но и тешките моменти од нејзиниот живот.

Лазаров ја праша за тоа да раскаже некоја интересна случка, додека сѐ уште биле во брак со Роберт и каде шетале:

-Бев во Америка, во Вегас со Марјана Станојковска, другарка ми е од прво одделение. Бев со Роберт. И идеме првиот ден, вториот ден по казината нели. И доаѓаат овие жениве, ни викаат „пијачка“, а ние викаме не. После доаѓа еден другар Мичо, што живее таму и ми кажува „Агнеса, овде е бесплатно.“

И ние камења пиење, секој ден. И доаѓа денот Марјана излегува на Мис. И ние со другаркава бевме напиени. Како што поминуваме во хотелот, живо пиле немаше, сите на мисов беа собрани. Како што одиме, доле се прави како вода, и ние пола саат напред – назад, а камерата била уклучена.

И ние одиме, влагаме внатре, нозе нѐ болат. И влагаме внатре, гледаме како три, коњопојчиња со маси. И викам на другаркава, оди ваму ќе си седнеме.

И ние одиме, а тоа да ти било за жири. И си седнавме и Марјана само излегува и само вака главата кога ме виде.

Абе, нит ме пипнаа, алал да им е. И сега што се случува, доаѓа Бразил, со силикони, и јас ја снимам. И ми доаѓа еден постар човек, имаше многу познати фаци, беше Леонардо ДиКаприо, многу беше убаво, ептен.

И ми доаѓа еден постар човек и ми вика „Дај ми ја камерата“, а јас му викам не. И тој ми ја зема и ми вика, „Вака се снима.“ И јас го прашувам кој си ти, а во тој момент доаѓа Роберт и ми вика „Од кај ти со овој, ова е главниот сликар на Плејбој.“

И тој со нас, цела вечер, ми вика, „Ти си откачена“. Знаеше кој е Александар Македонски. Ми вика, „Вечерва ти со мене“.

И сите се собравме, бевме во Хард Рок, со обезбедување, со шампањи, со триста чуда, многу беше јако, раскажа Агнеса, а потоа проговори и зошто се развела од Роберт.

„Дали некогаш си била изневерена?“ гласеше прашањето на Лазаров, а Агнеса одговори:

„Сум била, па зошто се разведов. Значи, дечки, сега вака ќе ви кажам. Најубава жена и најпосакувана, Адријана Лима беше изневерена, така да, мажи.“

Потоа, Лазаров ја праша дали ја познава, а Агнеса рече: „Епа сеа, дали ја знам. Тука се појавуваат. Неколку пати ме има изневерено,“ рече Агнеса и додаде дека ги фатила во лет.

„Имам многу луѓе ми се јавуваат и тоа е тоа,“ а Зоки Фаци рече:

-Страшно, и ти си убава девојка, па те изневериле….

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Претходна статијаAлександар Јосифовски поцрвене среде емисијата во Sвезде Гранда, Белма му даде комплимент што не го очекуваше (ФОТО)
Следна статијаСнеже Велков проговори за својот Дарко и какви очекувања има од него: Сакам маж ми да ми носи кеси (ФОТО)