Се огласи Снежана Ѓуришиќ по наводите дека барала пари за кандидат да помине понатаму

1

Легендарната пејачка Снежана Ѓуришиќ гостувајќи во емисијата „Сценирање“ на телевизија Курир проговори за своето учество во жирито на познатата музичка програма „Ѕвезде Гранда“.

Таа со водителката Љиљана Станишиќ искоментира дека жирито на Звезда Гранда не е „страшен суд“, туку служи да ги подготви натпреварувачите за суровиот живот што ги следи, доколку се решат да се занимаваат со таа работа.

– Ние не сме страшен суд. Иако некои членови на жирито се груби и строги, животот не бил љубезен кон никого. Кога бев дете, дојдов на натпревар, имаше една жена која веќе избрка еден дечко кој беше пред мене.

Реков дека ќе ја пеам „О, мама, мама“ од Лола Новаковиќ, а таа ме праша дали пеам народни песни. Ја отпеав песната на Лепа Лукиќ и таа ми рече дека ќе пеам само народни песни.

Тоа беше Радмила Трифуновиќ. Знаеше што прави, ја работеше најдобрата работа на светот, а никој што не знаеше не можеше да помине покрај неа – искрено изјави Снежана Ѓуришиќ, а потоа продолжи:

– Внимавам што ќе им кажам на тие деца, но не можам да кажам дека e одлично aко не било. И тоа воопшто не е лесна работа. Менторството е многу важна работа, ние можеме барем малку да ги насочиме овие деца, па потоа што им дава Господ.

Мора да бидат вредни, дисциплинирани, но ако нешто не може да се направи – не може да се направи.

Тука ништо не е инсценирано, тоа е конфликт на мислења, каде што има малку слобода. Публиката е непогрешлива – изјави познатата пејачка.

Таа се осврна и на односот меѓу самото жири, кој го опиша како многу добар.

– Врската е добра. Колегијално е, кога имаме пауза сите сме океј, сите сме нормални. Понекогаш се прашуваме кој кому што кажал, но таму ништо лично не се случува.

Секогаш ќе реагирам ако сметам дека е потребно. Ќе има и ситуации кои ќе се случат, но ќе останат јавно непријавени.

Снимањето трае седум часа. Имаме се’, Саша Поповиќ е одличен во работата – вели Снежана.

– Никој од нас нема да лобира за нашиот кандидат ако не е достоен за внимание. Клучно е Саша да го има главниот збор и тој непогрешливо знае што и треба на куќата. Никој никогаш не се обидел да притисне за кандидат – вели Ѓуришиќ.

Таа изјави дека се случило да пропаднат и добри кандидати.

– На победникот не му е лесно да се пробие потоа. Треба песна, треба многу работа. За тоа оставаме да одлучи публиката, но тоа не значи дека некој ќе биде ѕвезда, ниту дека ќе успее како пејач/ка – вели Снежана Ѓуришиќ.

Денес, српски Курир, објави изјава од мајка на кандидат во шоуто, дека Снежана Ѓуришиќ барала пари за нејзиниот син да оди понатаму:

Имено, Ната Вукадиновиќ од Црна Гора, мајка на кандидатот Душан Вукадиновиќ, се јавила во редакцијата на Курир, со тврдење дека Снежана Ѓуришиќ им побарала пари за да може нејзиниот дваесет и тригодишен син да се пласира во следната фаза од натпреварувањето.

Таа не бараше директно, туку индиректно. Му рекла дека не работи за џабе. Таа не ми подаде рака во собата за поддршка. Ја прашав дали син ми згрешил и дали и рекол нешто лошо.

Потоа ми рече дека Душан нема да оди понатаму, дека натпреварот за него е завршен. Ми се внесе во лице и ми рече дека не работи за џабе и дека треба да и платам.

Бев изненадена, бев скаменета. Не и ги дадов парите и син ми не продолжи понатаму, стои меѓудругото во веста на српски Курир.

Порталот побарал изјава од Ѓуришиќ и таа рекла:

– Многу одговорно си ја работам работата и го трошам времето помагајќи им на младите бидејќи сум образована и докажана како уметник.

Апсолутно нема да коментирам ничии изјави на оваа тема бидејќи се смешни и малку одвратни. Сите информации на оваа тема можете да ги добиете од директорот Саша Поповиќ, кој е запознаен со сето она што ние како ментори го правиме со кандидатите.

Исто така, само Саша одлучува кој оди во бараж. Тој беше елиминиран во баражот со одлука на Саша Поповиќ – изјавила Ѓуришиќка за српски Курир.

Претходна статијаМиа Костова до сите кои ја прозиваат: Сум ве смачкала, затоа што самите сте си го барале
Следна статијаВака изгледа кога двајца браќа земаат невести од Албанија – ги китеа со злато, но мораа да се придржуваат до овие обичаи