Ирена Спасовска никогаш поискрена: „Ако ми даде 100 евра да си одам на масажичка нормално дека лицето ќе ми блеска“

0

Додека го чекаме новото издание на емисијата „Нешто конкретно“ да се потсетиме на уникатните изјави на нашите гости од претходната празнична емисија.

Склопот на гости создаде навистина пријатна атмосфера, а богами и ги опушти самите тие да зборуваат за приватните животи. Па така слушнавме дека Ирена Спасовска не е многу активна во полето на љубовта, односно таа не бара партнер сама туку чека да дојде некој што смета дека може неа да ја освои.

Ирена Спасовска за себеси вели дека по природа е борец, и работи од својата 16-та година. „Како самохрана мајка овие години за мене и Тамара се трудам да обезбедам пристоен живот“, изјавила пејачката на 22 годишната ќерка која е 30 години на естрадата.

Ирена вели дека секогаш кога оди надвор од Македонија, тоа е преубав спој на работа и прошетка, а шопингот е неизбежен.

-Да, има попусти на одредени работи но јас за што се фатив баш тоа немаше попуст хаха.. Си купив неколку парчиња и секогаш гледам да бидат квалитетни, удобни и функционални.

Одамна не се лажам по попусти бидејки тогаш човек купува и што му треба и не треба. Присталица сум на две или три парчиња квалитетни и да знам дека ќе ги носам“, кажа Ирена во една прилика, кога ја посетила Италија.

Овој период сум насочена кон работата и не размислувам толку многу за љубов бидејки мојата среќа и мојот систем на живеење не зависи од некој маж. Самостална сум, приземјена, и тешко дека некој ќе ме прелаже сега хаха…Ако се случи тоа ќе бидам во шок хаха.

Снеже Велков во својата нова емисија „Нешто конретно“ во која беше гостинка и Ирена Спасовска, ја праша дали верува дека сите имаме некоја своја половина во животот, и што е со оние кои не ја бараат, туку чекаат самата да си дојде.

-Па добро, јас не сум баш активна на тоа поле. И само за љубовта, би сакала да кажам дека овој пат ќе почекам. Ако треба да дојде, ќе дојде. Ако се појави некој што мисли дека може да ме освои, нека повели.

И нормално ние сме тие- жените кои имаме доста додворувачи, но ако сметам дека е тој вистинскиот, секако дека ќе му дадам знак. Па да, не сум баш многу активна на тоа поле, морам да кажам.

-А, она другото што вели- пушти го едниот да си отиде, а ако бил за тебе ќе се врати. Ти го пушти тој едниот да си отиде, рече Снеже и тука најверојатно мислела на Орце Гелевски.

А Ирена на ова одговори: Па, јас обично тој едниот што го пуштам, не сакам ни да ми се врати. Значи, не чекам. Ако бил мој немало ни да го пуштам. Затоа го пуштам, и нека си го најде некој друг.

Ако е нешто вредно, ќе го задржам за себе, ако не е, го пуштам и нека оди“, одговори Ирена Спасовска во емисијата со Снеже Велков, „Нешто конкретно“.

На следниот линк е целата емисија:

Претходна статијаПротече првата фотографија од Анѓелка Прпиќ и нејзиниот нов партнер
Следна статијаКарлеуша: Шоуто Звездите на Гранд ќе се гаcи, а еве што ќе биде со жиpито -веднаш се огласи и Саша Поповиќ!