Сара Мејс покажа како го поштува мажот – легна до него на кревет и го погали (ФОТО)

0

„Врне, врне“. Иако оваа песна е стара неколку години, на шега се вели дека ако сакаш да се расипе времето, треба да ти запее Сара Мејс.

-Искрено, јас секогаш сметам дека ако е емоцијата искрена, ако е тргнато по чиста емоција, ако лесно одела песната лесно за компонирање на пример, некои песни на кои што се враќам сто пати, на крај не е тоа тоа.

А песната ако ти протече вака едноставно, просто… оваа песна се сеќавам дека рефренот точно (го пее рефренот)

ми дојде онака, требаше да одам на некоја проба, а доцнев веќе и реков нема шанси ова мора да го запишам и седнав на клавир и бам бам… морав да го запишам.

Секогаш сметам дека кога има чиста емоција би допрела до луѓето, искрено очекувам и се надевам да допре, бидејќи навистина многу време ја собирав енергијата за оваа песна“, изјави Сара за тоа како ги создава своите песни во едно интервју за Музика24.

-Јас не можам да кажам дали песната ќе биде хит или нема да биде хит, според мене песната може да биде убава или да не биде убава, мислам дека ова е… неможам самата да кажам дека е убава не би си кажала, но е искрена пак ќе кажам.

Ако искреноста допира, тогаш тоа е тоа.

Значи јас не лажам во песна, значи песнава е пишувана за некој, но нема сега да откриваме (се смее). Се расоблеков на сцена, уште емоциите да ги расоблечам целосно, нема смисла. Тоа нека остане мистериозно“, изјавила пејачката.

Сара е сега мајка на Илина и на Кирил, и со сопругот Димитар Атанасовски, нашиот познат ТВ водител се трудат да бидат најодбриот пример за своите деца.

Меѓутоа, Сара во „Жешко столче“ откри дека еден период нејзиниот брак бил во криза, односно тоа се случило по раѓањето на нивната ќерка Илина.

„Не ни одеше. Првпат јавно кажувам. Имавме една брачна криза. Неколку месеци беше тешко, беше да се биде или не. После една година не можам точно да се сетам да го детектирам проблемот, но ни беше голема промена моментот кога станавме родители.

Ние бевме научени да бидеме 24/7 на работа и со пријатели. И двајцата работиме повеќе работи, улогата да бидеме родители плус ни дојде повеќе, не ни беше јасно, бевме збунети.

Кога си во длабока љубов и сакаш да имаш дете, се тоа е прекрасно, но не знаеш што те чека кога ќе дојде тоа дете на ред. Детето станува преоритет“, вели Сара.

Во својата нова објава на својот официјален Фејсбук профил, Сара е сликана со сопругот Димитар во едно поинакво издание и ја упати следната порака:

– Love yourself first and everything else falls into line. Новата кампања со YAMAMAY зборува за љубовта кон најблиските, но пред се за љубовта кон себеси.

Да се потсетиме дека треба да се сакаме себеси и во секој момент да се чувствуваме добро во својата кожа. Едно поинавко издание… Stay tuned….“, напиша Сара. На сликите кои ги објави таа и Димитар се во домашно издание.

Таа е облечена во тренерки и џепмпер, но под џемперот има корсети е легната на кревет со Димитар галејќи го својот сопруг.

Претходна статијаВодителката Милена фати микрофон – спиеш ли мирно Пријовичке? (ФОТО)
Следна статијаМАЖОТ ЈА ОСТАВИ СОПРУГАТА ПОРАДИ ЗГОДНАТА СЕКРЕТАРКА: Нејзината одмазда ги воодушеви сите!