Од Баба Мразица скокна во мрежести хулахопки – Вера Мештеровиќ во УАУ издание (ФОТО)

0

Во едно интервју со Вера, Машки Магазин напиша што е таа всушност по професија, а нашата убава мисица и водителка даде искрени одговори на многу теми, а меѓу нив и за мажите.

Ја прашале: Кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?“, а Вера пак одговорила:

-И едното и другото. Сакам кога е комплетно. Малку е неблагодарно вака поставено прашањето и лесно може да се извади од контекст, но веќе кога треба да кажам – ми значат и двете работи.

Вера, кога ја прашале која е тајната на успешниот, среќен брак или љубовна врска рекла дека толерантноста има особена важност.

„Да, толерантноста, почитта, балансот, прифаќањето, разбирањето,а не менувањето од страна на партнерот“, изјавила Мештеровиќ која има две деца од бракот со фудбалерот Игор Кралевски, со кој се разведе пред неколку години.

Исто така, на прашањето кои квалитети ги бара во мажите, таа рекла:

-Се разбира, самодовербата, заштитничкиот однос во права насока.

Да биде вистински животен сопатник, сродна душа, неговата благородност е особено важна ,да биде сѐ – и другар, пријател и љубовник и потпора и мотивација, и во добро и во лошо- изјавила Вера.

Горда мајка е на синот Андреј и ќерката Јована, кои ги доби во бракот со фудбалерот Игор Кралевски, со кого се разведоа по десет години заеднички живот.

-Младите ја имаат таа посебна убавина на безгрижност, полетност и е сосема различно. Повеќе е поврзано со тоа што презентираме и промовираме, но полесно е секоја жена да се препознае со промотер кој веќе е реализиран во животот на повеќе полиња како личност, жена, мајка, кариера…

И тоа се споделува, секако ова е наменето како што веќе спомнав за таргетна група каде сум јас.

Сега сум ангажирана околу убавина, а понатаму и поразлични теми кои ќе ги споделувам за еден убав квалитетен животен стил.

Јас и додека бев посветена на децата имав годишно по две, три интервјуа и по некоја насловна страница, така да тука бев само пасивно, а сега и работно ангажирано и среќна сум поради тоа.

-Секој период во животот има своја убавина и приоритет за секоја личност засебно. За мене во изминатите години тоа се децата Андреј и Јована. Пресреќна што се реализирав како мајка и што им се посветив на децата раснејќи ги…

Тие нивни први гугања, букви, зборови, насмевки, проодувања, разболувања, непреспиени ноќи, солзи и смеа, прегратки, љубов, нашите игри… Повторно би постапила исто бидејќи тие години од детството на моите деца се незаменливи.

Уживам во секој миг со нив. Но, сега кога веќе потпораснаа, дојде периодот да повторно се реализирам и работно“, изјави Вера Мештеровиќ во една прилика за Фокус.

Потоа, зборуваше за нејзиниот младолик изглед.

-Мислам дека се должи и на двете работи, на генетиката во моето семејство и од двете страни се младолики, а и се негувам.

Но особено влијае мислам тој мој палав детски дух, во тело на жена, мајка, кој ми ја дава таа енергија, шарм, впечатливост и харизма.

Моите ритуали за нега се речиси како кај секоја жена. Имам козметика која ја употребувам, чистење на лицето, разни маски, разни третмани за лице.

Вера Мештеровиќ има брат кој се вика Срѓан, а на неговиот Инстаграм профил има неколку слики кои го претставуваат неговиот авантуристички дух.

Тој објавува слики како шета во природа, низ убавините на Македонија, посебно во Охрид и Битола, но и надвор од Македонија, во Милано.

Срѓан е исто голем љубител на животните, а има објавено и неколку слики од него каде што може да се забележи дека многу си личи со сестра му, Вера.

Вера секогаш знае да ги изненади своите обожаватели, дали кога е вклучена на Утринската во Канал 5 или кога се слика на Инстаграм, таа секогаш е во центарот на вниманието.

Доцна на Божиќ, Вера објави слика во црвен и долг фустан кој се прилепуваше на нејзиното вито тело, а поводот беше секако празничен и Вера беше сликана со нејзината колешка Ирена Спировска која беше облечена во сличен бел фустан, а Вера во црвен, од Елена Лука.

Потоа, како бонбонче на тортата, Вера објави многу провокативна фотографија на која е сликана со мрежести хулахопки, и навистина водителката изгледа многу јако.

Веројатно, поводот е некоја реклама за хулахопки, а Вера е направена за овие промоции кои го откриваат нејзиното згодно тело.

Претходна статијаМногу личи на Анастастија – Ѓорѓе Куљиќ прв пат со 12 години помладата девојка во јавност! ФОТО
Следна статијаВи текнува ли на Елвир Мекиќ – се врати во Македонија „разбацан“ и со нова фризура (ФОТО)