Многу личи на Анастастија – Ѓорѓе Куљиќ прв пат со 12 години помладата девојка во јавност! ФОТО

0

Младиот бизнисмен Ѓорѓе Кулиќ доаѓа од угледно новосадско семејство, татко му е исто така бизнисмен, а една од работите со кои се занимава Ѓорѓе е фирма за транспорт со камиони во Америка.

За тоа поднебје го врзува образованието, имено, се школувал во Њујорк и во тоа време живеел со ќерката на Драган Стојковиќ Пикси, Ања Валенте, која изјави дека и денес се во пријателски односи.

Ѓорѓе е склон кон екстравагантни навики, луксузен живот и далечни патувања.

Минатата година во ова време младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ објави дека ја раскинала петгодишната врска со бизнисменот од Нови Сад Ѓорѓе Куљиќ. Таа никогаш не сакаше да зборува за причините за разделбата, а добро знаеме дека интимноста што ја делеше со Ѓорѓе ја криеше од очите на јавноста.

Иако тукушто беа почнале да живеат заедно во новоизградениот луксузен комплекс на Дорчол, ќерката на Цеца веднаш ги спакувала куферите и си заминала.

Медиумите многу шпекулираа за раскинувањето на Анастасија и Куљиќ, се додека како бомба не‘ одекна веста дека само два месеци по завршувањето на љубовната врска со Ѓорѓе, пејачката започнала романса со фудбалскиот репрезентативец Немања Гудељ. И Ѓорѓе не трпеше долго, па утеха најде во помладата сестра на добрата пријателка на Анастасија, Николија.

Новата девојка на Ѓорѓе Куљиќ е убавата Мила Радојевиќ, за која не се знае многу, но она за што сите се согласија е дека многу личи на Ражнатовиќ.

На Инстаграм неодамна се појавија фотографии од приватна прослава на 22. роденден на Мила. Ѓорѓе и таа позираа насмеани додека нивните пријатели ги фотографираа покрај тортата.

Куљиќ во еден момент ја прегрна девојката блиску до себе и се‘ пукна од страст. Интересно е што една од причините за раскинувањето на Анастасија и Ѓорѓе била наводната желба на Куљиќ да основа семејство, на што младата пејачка не била подготвена.

Затоа сега се води полемика за годините на новата девојка на Ѓорѓе Куљиќ. Имено, Мила е три години помлада од ќерката на Цеца, а со оглед на тоа дека Ѓорѓе наскоро ќе го прослави својот 34 роденден, сите коментираат дека разликата во годините е огромна.

Како и да е, тоа не ги спречува да уживаат во љубовта, а каков однос има Анастасија со Мила и нејзината сестра досега остана мистерија за јавноста.

Претходна статијаПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА НА ОНКОЛОГИЈА! Проговори за борбата со страшната болест – ПРВ ПАТ ПОЧУВСТВУВАВ СТРАВ!
Следна статијаОд Баба Мразица скокна во мрежести хулахопки – Вера Мештеровиќ во УАУ издание (ФОТО)