Кате од „Нели ти реков“ смени имиџ – пријателите коментираат ли коментираат, сите ја фалат (ФОТО)

0

Долги години беше дел од групата „Нели ти реков“, а во еден разговор за Канал 5, Кате Тенева беше прашана за дилемите и шпекулациите околу тоа дека нејзиниот сопруг е нејзин колега музичар. Еве го одговорот на Кате:

-Не, мојот сопруг не е музичар. Таквите шпекулации изминатите години се развија поради фактот што тој секогаш беше со мене на моите настапи.

Сепак, мојот сопруг има друга професија, а и последниве години, бидејќи настапите ни се претежно на свадбени веселби, тој и не е така често присутен на моите настапи“.

Инаку, групата “Нели ти реков“ веќе долги години опстојува на нашата фолк-сцена и ги сака и старо и младо, кај нас и во дијаспората.

Тие се едни од најбараните за свадби, семејни прослави, а имаат настапувано и на доста домашни фестивали. Заштитен знак на групата до скоро беше пејачката Кате, од Ваташа кај Кавадарци.

За ,,Фокус” Катерина Танева открив дека повеќе не е заедно со „Нели ти реков“ и која е причината поради која по повеќе од триесет години не настапува со членовите на оваа група, со кои биле како семејство.

,,Нели ти реков,, е нераскинлив дел од мојот живот и мојата музичка кариера, па токму поради бендот и јас станав препознатлива како Кате од ,,Нели ти реков”.

Кога една група на луѓе заедно работи повеќе од три децении, ги дели успесите и падовите, секојдневните настани, заедно се радувала на достигнувањата, сосема природно е да ти биде како дел од семејството.

Таа за Фокус раскажала дека кризата предизвикана поради пандемијата влијаела врз функционирањето на бендот, и по долги разговори членовите решиле секој да продолжи по својот пат.

-Кризата се чувствува насекаде, посебно во музичкиот сектор. Многу полесно се добива понуда за ангажман во локал како самостоен уметник или како дуо, отколку како поголема музичка група“. рекла Кате за Фокус.

во емисијата „Магазин“ на Сител рече дека во родното Кавадарци имала многу среќно детство, и дека од родителите ја наследила музикалноста.

-Живеев во една хармонија, татко ми свиреше на повеќе жичани инструменти, и многу често се случуваше, додека јас се спремам за настапи, тој да застане пред вратата на купатилото, да свири“, рече Кате.

Потоа раскажа дека пеела на фестивалот „Златно славјече“, а за неа песна напишале познатите музичари Драган Ѓаконовски- Шпато и Васил Пујовски.

-И ден- денес го носам тој став, таква сум по природа, срамежлива. Тоа беше моето телевизиско искуство“ рече Кате која со групата “Нели ти реков“ почнала да пее кога имала само 18 години, а прво почнала со забавна музика.

-Тогаш немаше многу убаво мислење за пејачите, јас не сакав да работам така, да пеам по ресторани. Меѓутоа, тука беше мојот татко.

Кога дошле дечките да ме викаат во групата, јас не бев дома, бев кај сестра ми. Татко ми се јави и ми рече дека има едни деца што сакаат да работат со тебе. Јас кажав: Тато, нема шанси. Тој ми рече: Јас сум ти родител, народот ќе збори и така и вака.

Ако седиш дома, ќе бидеш проста. Ако си позната личност, ќе збори може и се најлошо за тебе.

Ти биди си таква каква што сум те воспитал. Зад добриот коњ се дига прашина. Со негова поддршка ја прифатив понудата.

Пеевме во хотел „Балкан“, татко ми доаѓаше да не слуша и им кажа на колегите: Влакно не смее да ѝ фали од коса“, раскажа Кате за своите почетоци.

Кате ја сменила својата профилна слика на Фејсбук и на неа изгледа прекрасно, како и секогаш. Но, она што паѓа во очи е нејзината насловна фотографија на Фејсбук, и на неа оваа наша пејачка на прв поглед не личи на себеси.

Долга коса, различна шминка, црвен кармин… А пријателите коментираат ли коментираат на оваа слика која има илјада лајкови. Сите ја фалат Кате за изглдедот, а еден коментар вели: Што и да се каже, малку е!

Претходна статијаСтојне ги падна од столче нашинците во Америка – еве како им се облече (ФОТО)
Следна статијаА(спаси)ја Софијанова објасни што значи нејзиното име, а проговори и за разводот (ВИДЕО)