Стојне ги падна од столче нашинците во Америка – еве како им се облече (ФОТО)

0

Драги пријатели во Америка, со задоволство сакам да ги најавам нашите заеднички дружби“, напиша Стојне Николова на свокот Фејсбук профил пред неколку дена, најавувајќи каде ќе пее за Новата година и по неа.

– Првиот концерт и заедничко дружење ќе биде за дочекот на Новата година во Чикаго, во црквата Св.Кирил и Методиј. Турнејата продолжува во текот на цел Јануари во повеќе градови,за датумите ќе бидете известени наскоро.

Јас и мојата музичка подршка ве очекуваме во голем број и ви гарантираме одлични забави. Да ја прославиме Новата година и празниците како најдобро знаеме и умееме. Се гледаме“, пишува во објавата на Стојне.

Стојне за естрадниот магазин Естрада плус откри дека за ќе следува уште еден голем проект кој што ќе биде во соработка со врвни музичари. „За во иднина спремам навистина уште подобар проект можам така да кажам слободно.

Засега нема да откријам многу детали бидејќи се работи на тоа, проектот ќе биде во соработка со двајца мои колеги, со едниот од нив веќе сум соработувала, можеби гледачите ќе претпостават за кого се работи, а со групата не сум соработувала и ќе имаме интересна можност во оваа прилика да соработуваме“, изјави Стојне.

Стојне во една прилика гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта.

Кога имаше 18 години, по чина таткото на Стојне, а таа оваа загуба тешко ја прифати.

– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме.

Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано.

Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, бидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне. Таа се огласи од Америка на Фејсбук со оваа новогодишна порака:

-Драги мои, во Новата година ви посакувам да имате здравје, мир, љубов и многу убави мигови со вашите најмили.

Правете го она што ве прави среќни и проживејте уште една година полна со моменти кои ќе го збогатат вашето искуство,но и ќе останат прекрасни спомени.

Во Новата година ни следат многу заеднички дружби и многу нови проекти, кои се надевам ќе најдат место во вашето срце. Останете ми добри кај и да сте по светот,среќни празници и Среќна 2023 година. Од срце“, напиша Стојне.

На сликата која а објавила е облечена во најпровокативниот фустан досега, и изгледа навистина прекрасно, и добила доста честитки за Нова година, а едната од нив вели: Среќна Нова година убава Стојне.

Претходна статијаОва е Маринела, лепотицата на внукот на Тоше, Кристијан (ФОТО)
Следна статијаКате од „Нели ти реков“ смени имиџ – пријателите коментираат ли коментираат, сите ја фалат (ФОТО)