,,Сите сме разочарани и ова не е фер!” Тоа се гласовите на публиката кои се изреволтирани од дисквалификацијата на младата македонска кандидатка од телевизиското шоу ,,Ѕвездите на Гранд.”
Кандидатката која неодамна го скрши мразот и прва настапи во ,,Ѕвездите на Гранд” е Валери Димовска (24) од Велес, Македонија.
Таа за првиот круг на натпреварот ги избра песните „Хајде онда ништа“ од Тијана Богичевиќ и „Те сакам“ на Анастасија Ражнатовиќ, а потоа беше наградена со сите шест гласа.
– Бидејќи ги имате сите гласови, никој не може да се повлече, вие ќе го изберете вашиот ментор. Знам кога ќе го земете и еве ќе го снимам, да речеме – рече Саша Поповиќ.
– За ментор го избирам Ѓорѓе Давид – рекла Валери и со одговорот го изненадила Саша. „Погрешно напишав, признавам – рече низ смеа, а потоа се замеша Мили – Еве сега го прекрстува, и напиша Мара.
Од друга страна, Вики Миљковиќ беше убедена дека изборот ќе падне на Цеца Ражнатовиќ- Бидејќи ја отпеа песната на Анастасија, но секако го направи вистинскиот избор, одлично е што го зема Ѓорѓе.
– Да беше од Грачаница, сигурно ќе ме избереше мене – се пошегува Босанецот. Ѓорѓе бил многу среќен поради ова и и рекол на кандидатката да се радува на соработката со неа.
А која е всушност Валери Димовска? Таа не и е непозната на нашата, домашната публика.
Велешанката Валери Димовска, на пошироката јавност и стана позната по учеството во ТВ шоуто „На иста адреса“ продолжуваше да реди одлични синглови, во областа на забавната музика.
Многумина, кога за првпат ја слушнаа во тоа реално шоу во кое се пееше, беа воодушевени од нејзиниот глас. Сè што е добро сработено го слуша и почитува, сè додека пораката што ја носи е добра.
Додава дека како и сè друго, и музиката треба да еволуира и да го радува, забавува и утешува современиот човек, објави за Валери за Црно-бело во една прилика. „Мислам дека на нас пејачите на забавна музика, кои творат најсовремени жанрови како трап и R&B ни фали сцена во Македонија.
Сè уште немаме медиумски простор каде да ја промовираме нашата музика. Верувајте ми, имаме предобри таленти за кои никој нема слушнато.“, сугерира Валери.
Валери Димовска е велешанка која имала среќа и чест да настапи на евровизиската сцена. Таа 2018 година беше дел од македонскиот евровизиски тим.
Заедно со Антонија Гиговска и Дина Јашари беа во Лисабон, Португалија како придружен вокал на групата „Ај Кју“ кои ја претставуваа Македонија на Евросонг 2018 година.
Валери не се познавала со членовите на групата но во тој период соработувала со Дарко Димитров кој всушност и предложил да биде дел од евровизискиот тим кој ќе ја претставува Македонија. Валери во Велес редовно настапуваше по велешките локали“, објави за неа veles365.com
Но, како и многу наши пејачи кои во Македонија се испробале на разни начини да стасаат до успех и популарност, и Валери среќата решила да си ја проба среќата во Србија, на музички натпревар каде што се пее повеќе народна музика, откако најверојатно увидела дека од пеење по локали кај нас нема многу ќар.
Инаку, пејачката има интересен и несекојдневен имиџ на облекување, а препознатлива е и по своите тетоважи. На нејзиното тело има неколку натписи, разни животни, месечина, и сите тие имаат некое посебно значење за неа.
За жал, Валери беше дисквалификувана за време на снимањето на третиот круг, а воедно таа важеше за една од најдобрите и најубавите пејачки помеѓу новите натрпеварувачи на ,,Ѕвездите на Гранд.” Таа нема да настапува во третиот круг на шоуто. Таа беше во тимот на Ѓорѓе Давид, а деновиве откри зошто беше дисквалификувана.
,,Бев болна кога се снимаше третиот круг и затоа сум дисквалификувана бидејќи не можев да се појавам на снимањето.” Taa откри дека оваа сезона нема да може да продолжи со натпреварот, но има намера следната година повторно да се пријави.