Петар Грашо во Скопје со Xана, за неа гo раскажа она што ни во Хрватска не го кажал

0

Иако нивната венчавка првично беше планирана за пролет, Петар Грашо и Хана Хуљиќ решија малку да ги забрза работите. Имено, свечената свадбена церемонија се одржи во црквата Свети Франциско во Сплит, а според медиумите на церемонијата присуствувале само најблиските членови на семејството и пријателите.




Причината зошто парот реши да ја забрза свадбата е тоа што Хана потврди дека е бремена, а додека уште не и се познава стомачето сакаше да носи фустан кој ќе и биде точен, да изгледа убаво.

По повод врската на неговата ќерка со Грашо, а се огласи и таткото на Хана, музичарот Тончи Хуљиќ.




Имено, тој призна дека разбира дека се крена прашина поради нивната врска, и откри дали ја поддржува својата ќерка кога е во прашање оваа љубовна романса.

-Петар и Хана имаат слични ставови за претставување на приватниот живот во медиумите, а Петар е и одличен семеен пријател. Ако тие се среќни, и колку што можам да видам дека се, тогаш јас и сопругата Вјекослава сме среќни.




– Среќен сум што свадбата помина во прекрасна атмосфера и што беше интимна вечер со луѓе кои ги познаваме цел живот, со некои од нив триесет, четириесет години и кои ни го одбележаа животот.

Бевме педесетина – изјави Тончи Хуљиќ, на кого од Јутарнји лист успеаале да се јават по телефон во неделата попладне, откако направи пауза од прославата на свадбата на неговата ќерка Хана и Петар Грашо.




– Тоа беше важен момент за целото наше семејство“, рекол позатиот хрватски композитор, кој ги напиша песните на групата Магазин и песни на многу пејачи меѓу кои е и Петар Грашо.

Омилениот композитор накратко опиша една вечер која, како што вели, најмногу наликувала на голема семејна средба.




Така, на пример, немаше стандарден бенд или диџеј да ги забавува гостите со музика.

Иако на свадбената вечера имаше многу музичари, иако младенците се занимаваа со музика и од тој аспект наликуваше на семејна дружба – секој од гостите беше диџеј, па во кое време свиреше што им одговара. А во изборот, како што открил Хуљиќ, доминирале Битлси.

Грашо на овој начин го искоментира присуството на неговата сопруга на неговиот концерт во Загреб.




-Таму беше како девојка или млада жена која дојде да ужива во концертот, пристојно, за да не ја снимаат објективите. Таа е добро, скромно и драго суштество пред се. Навистина сме луѓе кои се трудат да го сокријат својот приватен живот, но се чини дека тоа е поттик за медиумите да бидат крајно заинтересирани за нас.

Не можам да ги обвинам медиумите затоа што не напишаа лоши работи, но беше навистина интензивно“, изјави Петар Грашо за магазинот ИН, а потоа се осврна и на тоа дека на лето ќе добие ќерка.




– Секако дека се чувствувам прекрасно и неизвесно во смисла дека тоа е убаво исчекување. Мислам дека сите луѓе кои очекуваат принова треба да бидат среќни и дека тоа е природно“, заклучи Грашо.

Да потсетиме, Петар и Хана се венчаа на 19 февруари во црквата Свети Доминик во Сплит, а на свеченоста присуствуваа родителите Тончи и Вјекослава Хуљиќ, Зоран и Снежана Грашо, братот на Хана Иван, сестрата на Петро Буга и мајката на Вјекослава и нејзините две сестри.




Петар Грашо е сега во Скопје и вчера се дружел со обожавателите во Ист Гејт мол и таму дал интервју за Женски магазин во кое ја споменал и неговата сопруга Хана која всушност е со него во Скопје.

Не сакам да зборувам за приватниот живот. Но, ќе одговорам. Во искрениот однос помеѓу двајца луѓе, не знаеш кога ќе се случи тој еден момент.




Двајцата поминувавме низ еден многу специфичен период, на нашите поранешни приватни животи и во тој сегмент се случуваше и разговор, едно познанство на еден маж и една млада жена, на еден друг начин.

И во тој еден таков вртлог на животот, се случи тоа што се случи“, рекол пејачот. Потоа, добил прашање дали верува во судбина и исто така го прашале како би ја опишал ссвојата сопруга.




– Верувам, затоа што немам друг избор, освен да верувам дека сѐ што се случува, треба да биде. Дали е тоа случајно или тоа е нечија волја, тоа го одлучува секој човек внатре во себе. Атеи стите мислат дека е така како што е и дека немаат контрола.

Луѓето кои се верници, веруваат дека сѐ се случува со некоја причина… Припаѓам на луѓето кои навистина веруваат дека сѐ мора да биде добро, ако добро веруваш..




Човек сум кој верува дека сѐ што се случува, треба да биде. Ако е тоа судбина, тогаш верувам во судбината. Не сум атеист, туку сум практичен верник, човек сум кој во животот има моменти кога длабоко размислува, но има и моменти кога е опуштен и само живее.

– Хана е една духовита, интелигентна, но, многу, многу повлечена и мирна личност“, изјавил Петар Грашо.

Претходна статијаСкандал во ,,Ѕвездите на Гранд”: Велешанката беше дисквалификувана од шоуто, позната е причината и дали ќе продолжи понатаму
Следна статијаИзгледа како девојче- Ова е мајката на Кристина Арнаудова, дали пејачката личи повеќе на неа или на татко ѝ Гоце? (ФОТО)