Наум Петерски од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.
На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.
Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.
Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.
Тој има голем багаж зад себе, а во една прилика отворено раскажа колку му бил најголемиот бакшиш во кариерата.
– Тоа беше многу одамна, во Вевчани се има случено, во кафанче помало од студиово, ресторанот го држеше мој пријател и сват во исто време, ептен другари сме.
И нè повика, имаше гости од Србија, од овде, од онде, генералниот директор беше на „Панонка“, и вечерта земавме некаде околу 12.000 тогашни марки и околу 3.500 швајцарски франци“, изјави Наум во емисијата Еден на еден минатата година..
Петрески е познат како голем љубител на риболовот. Петерски е татко на четири деца, Сања и Анастасија која е позната пејачка, ќерките од првиот брак.
Од бракот со Зуица Лазова го има синот Стефан и ќерката Македонка. Наум е веќе и дедо, речиси две години. Анастасија му ја донесе оваа голема среќа во март во 2019 година кога ја роди ќерката Андреа.
Инаку, и Анастасија е мажена за колега, а тоа е пејачот на групата „Биоритам“, Владимир Поповски.
Наум беше гостин во новото издание на ТВ магазинот „Бекстејџ“ и отворено раскажа од што живее во моментов и колку е во минус.
– Еве, јас ќе и кажам финансиски дека за последнава година сум 60, 70 илјади евра во минус. Живееме со платата од жена ми и пензијата од мајка ми, меѓутоа тоа е… Потоа Наум рече дека од тие пари тешко се живее и дека едвај чека да им се врати на настапите.
Неговата сопруга Зуица Лазова беше гостинка во емисијата „Магазин“ на Тв Сител. Имавме навистина прекрасно детство, моите убаво не воспитуваа. Не се среќававме со пандемијата како денешниве деца.
И јас и Наум се трудиме, но мислам дека нема да успееме да го обезбедиме она што ние сме го поминале како деца. Да им обезбедам една безгрижност, сигурност, а не ваква неизвесност.“, рече Зуица.
– Постарата ќерка Македононка е веќе на Академија, таа има 19 години, прва година на соло пеење, кај познатата Весна Илкова, а Стефан е се уште во основно училиште. Тој е седмоодделенец, со којшто секојдневно се бориме да ги исполниме сите обврски зададени со онлајн наставата.
Инаку свири гитара кај Владимир Чадиковски, па ќе видиме како тој понатаму ќе развива. Еве да речеме дека малку ни се поделени децата, јас така сакам и милувам да си кажам.
Македонка повеќе наликува на Наум, но милувам да кажам дека Стефан ете, повеќе личи на мене“, рече Лазова за своите деца и за сопругот. Наум е познат како голем боем, некој кој сака да запее во друштво за мерак.
Тоа го покажива видеото кое на Инстаграм го обајви негвоиот пријател и колега Андреј од ДНК кој го сними Наум како пее во еден ресторан и тоа убава македонска народна песна.
На видеото се гледа дека Наум сменил имиџ, пуштил коса, а колегата Андереј вака го опиша:
-Ваква музика и ваков глас може да има само овде!