Балканската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, по подолг временски период, оваа година на јавноста и го претстави своето ново момче Богдан Срејовиќ.
Светлана одлично се сложува со наследничката на Богдан, ќерката од неговиот прв брак, Искра, а оваа зима, по почетокот на нивната врска, тие одморот го поминаа на Копаоник.
Фолк-ѕвездата се обидува од моментот кога влезе во љубовна врска со успешниот белградски угостител Богдан Срејовиќ да го помине секој слободен момент со него.
Многумина со ентузијазам ја дочекаа веста дека Цеца е вљубена, бидејќи пејачката долго време не го коментираше својот емотивен живот. Ражнтовиќ е вдовица скоро две децении, а во меѓувреме немаше сериозна врска.
Со цел да открие кои се изгледите за нешто посериозно меѓу Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ, тимот на порталот „Србија денес“ ја контактираше Весна Ривас, која направи астролошка анализа на овој пар.
Цеца минатата година влезе во судбоносна година, па и се случија многу убави работи, раѓање на внуче, многу прослави и се роди љубов.
Оваа година е година на бројот пет во кој е исклучено Цеца да се омажи до крајот на оваа година, тоа е во нејзиниот код. За неа се откриваат многу вистини, па така оваа година Цеца ги откри своите емоции. Реѓање, втор брак, но во позрели години – вели Весна.
– Богдан и Цеца се кармички поврзани, тие се многу добра врска и оваа врска не треба да се пропушта. Богдан е многу приврзан за неговата мајка, жените му значат многу во животот, тој е голем шармер и успеа да заврши многу работи во животот со помош на харизма, а тоа ја привлече Цеца.
Таа не може да сака човек кој не е паметен и лидер. Овој човек е мудар и кариерист, тој е многу способен.
Двајцата се многу хармонични, ги обединува емоцијата и страста. Еј, Цеца го запозна со своето семејство, излезе со него јавно, тоа значи многу. Тоа мораше да дојде до израз – откри Весна.
Весна откри што според прогнозата ги очекува Цеца и Богдан во врската, како и препреките што ги очекуваат. Весна изјави дека кај Цеца гледа дека ја очекува втор брак во позрелите години.
Фото: Инстаграм профили на Цеца Ражњатовиќ и на Богдан Срејовиќ, Јутјуб принсткрин