Најдобрите пејачи на Балканот се полни со пари, но ќе се изненадите кој пејач ја надмина дури и Цеца

0

Пејачите во регионот заработуваат многу пари, но не само од музуиката, туку и од други приватни бизниси.




Покрај пеењето, некои се одлучија да започнат сопствен бизнис, што им носи дополнителен приход и тоа убава сума на пари.

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Саша Ковачевиќ отворија свои музички студија, како за свои, така и за потребите на нивните колеги. Покрај студиото, Ковачевиќ има и ресторан.




Харис Џиновиќ сака да инвестира и во недвижнини, а се занимава и со издавање на недвижнини, но и со бизниси што го започна со сопругата Мелина Џиновиќ.

Фолкер Ера Ојданиќ се испроба во угостителството, а со години успешно работи ресторан и мотел. Неговите колеги Лепа Лукиќ и Зорица Марковиќ се познати и како угостители, така што тие имаат свои кафулиња, додека џез-пејачката Лена Ковачевиќ е сопственик на слаткарница.




Фронтменот на групата „Бијело дугме“, Горан Бреговиќ, инвестира во недвижнини, па се проценува дека тој поседува над триесет куќи и станови, и притоа чинат неколку милиони евра

Главно, тоа се луксузни вили, а поседува и станови и гарсониери. Неговото богатство, се проценува на повеќе од 35 милиони евра.




Во Загреб во 2005 година, Бреговиќ купил двокатна куќа од 550 квадрати. Ја изнајмува за пет ипол илјади евра за месец. Неговите соседи од Белград велат дека таму има околу 15 куќи.




Кога ќе дојде во Белград, претстојува во населбата Сењак во неговата луксузна вила која е заштитена со голема ограда на далечинско а има и видео надзор. Дворот не може да се види од улицата.




Имотот покрај вилата исто така е негов. Тоа е објект кој наликува на сала за славење, со трамболини и игралиште за децата за неговите пријатели. И тој дел е заштитен со висока ограда.




„Цел живот имам страв од сиромаштија. На запад не е како кај нас, кога ќе останеш на улица, немаш тетка да ѝ отидеш на ручек.

Немаш вујко за да позамиш пари од него. Во војната изгубив многу, па од тој страв купував премногу работи“, изјавил босанскиот музичар со светски успех.




Покрај двата имоти на Сењак во Белград, Брега неодамна купил уште еден и тука сега гради нова вила која ќе има повеќе од 300 квадрати.

Тој инвестирал само околу 10 илјади евра во градината, во кој сега сади домати и краставици.




Претходна статијаАстрологот Весна ги промеша картите па откри дали Цеца ќе се мажи пак
Следна статијаКалиопи си гледаше на кафе и откри каква иднина ја очекува (ФОТО)