Ирена Спасовака е една од нашите најпопуларни фолк пејачки, уникатна појава на нашата естрадна сцена веќе со години.
Таа е посветена мајка, пејачка и многу се грижи за својот здрав изглед, вози велосипед, редовно вежба и здраво се храни.
Нејзината ќерка е многу убава девојка, се вика Тамара и многу си личи со својата мајка. Во една објава на Фесјбук, Ирена ја опиша како мами и Тами.
Потењето е здраво за телото велат, ги исфрла токсините и намалува килограмите… До душа, сите знаат дека најдобро потење е она во парови, ама кога тоа не е возможно или не е доволно, теретаната е најповолно решение!
Таму калориите летаат, а килограмите „не цветаат, зашто се топат како мраз на сонце! Откако го скрши мразот, Ирена бргу сфати дека вежбањето не само што е здраво и корисно, туку може да биде и добра увертира или што би рекле предигра за главната игра.
Неодамна, беше на гости кај својата колешка Адријана Алачки за која сите миселеа дека се скарани, но тоа всушност не било точно, затоа што тие и покрај тоа што не се дуо во музиката и приватно се дружат.
Ирена за време на кризата со пандемијата не настапуваше, а сега настапува со полна пареа, и не може да крене глава од настапи, секаде низ Македонија, но за жал не може да пее во дијаспората.
– Кризата нè погоди најмногу нас, естрадните уметници и да бидам искрена за да не западнам во меланхолија, многу ми помогна тоа што возев по два часа часа велосипед на ден, и целата негативна енергија ја ослободував преку возењето.
Нашата работа е специфична, бара контуинирано работење и не трпи подолго излегување од колосек“, има изјавено Ирена, а зборуваше и за љубовта откако е повторно слободна како птица.
-Ме прашуваат дали сум вљубена… Секако дека сум вљубена, љубовта е двигател на сите нешта, така што да, љубовта е присутна околу мене во сите облици“.
За да си обзбедите добро здравје, јадете лесно, дишете длабоко, живејте умерено и одржувајте ги интерсите во животот, порача неодамна убавата Ирена.
Ирена сега на Фејсбук рекламира разни производи и ресторани, но ги рекламкра и своите настапи. Таа напиша дека е во Охрид и од таму порача:
Касно во ноќта. Тежок е овој живот кафански, тоа и Луна ги нае, рече Ирена до сликата со својот миленик.
Потоа се разврза диркусија за нејзиниот стил на живот во еден коментар кој го доби од пријател:
-Ова е кафанска нација која повеќе сака кафански живот од живот! Боемски живот и кафана не се закана на твојот животен стил, ако не излегуваш и седиш дома не значи дека живееш здраво и обратно,
ако одиш во кафана често не значи дека ќе ти претставува проблем да имаш ред во животот и откажување од сите задоволства и пријатели“, вели коментарот.