Нашиот пејач, познатиот романтичар пак ќе стане татко (ФОТО)

Димитар Андоновски е еден од нашите најпознати пејачи. Тој е од Битола, среќно е оженет со Кристина и се родители на Михаил. Едно од најспектакуларните запросувања кај нас го направи токму тој.




Димитар тогаш докажа дека е еден од нашите најромантични пејачи. Пред пет ипол години, јавно, на концерт на Каролина Гочева, тој ја побара за жена својата тогашна девојка Христина.

„Ја сакам нејзината едноставност и скромност и едноставно уживам во секој миг со неа“, изјави Димитар за својата Христина.




Тој и Христина во август во 2015 година ја крунисаа својата љубов со брак, a во октомври истата година направија свадба за паметење, на која тој запеа и ѝ посвети песна. На свадбата запејаа многу пријатели од естрадата на Димитар.




Во 2017, на Христина која е од Прилеп, и битолчанецот Димитар им се роди синот Михаил.

Димитар е горд на својот син за кој вели дека има музички талент. „Среќен сум што ја имам Христина за жена затоа што во денешното модерно време кога сите вредности се изгубени реткост е, но и и дар од Бог да имаш вистински човек покрај себе.




Му Благодарам на Бога што ни го подари најпрекрасниот син на светов“, додаде пејачот. Димитар е секогаш романтично расположен, а тоа го покажа и со еден статус посветен на сопругата.




„Не можеш да замислиш колку ми помогна да станам подобра личност, и добар татко и маж. Ти си мојата мотивација да се борам секој ден“, напиша Димитар.

Во една од своите објави, тој ѝ го честита роденденот на својата сакана со многу љубов. „Му благодарам на Бог што си мојата радост, мојата поддршка, мојата најголема љубов.




Среќен роденден среќо моја, да ми си здрава и жива и дај Боже да му се радуваме на животот и да остариме заедно“.

Ретко кој отворено ги искажува чувствата како нашиот познат пејач, и затоа многу пријатели на Фејсбук му честитаа за овие зборови, како и роденденот на неговата сопруга.




-Благодарение на карантинот мојот брак се зајакна и стана посилен. Уживаме во секој миг со Михаил и Христина и му благодарам на Бог што ми благословил да се баш тие дел од мојот живот.

Бракот се состои од вистинска и чиста љубов и мислам дека само таквите бракови ќе се зајакнат и ќе опстанат во сите искушенија. Како викаат:




“Оној што е силен и истраен во тешко време, станува уште посилен кога ќе помине“,изјави Димитар во интервју за ММС.

Димитар има одлична причина да биде среќен и да слави, а причината е што тој наскоро ќе стане татко на уште едно момче. Тој се пофали со убавата вест на интересен начин на Фејсбук велејќи: само нека е живо и здраво.




Всушност, тој и Михаил отворија торта каде што беше сокриен полот на детето, и Михаил извади напис на кој пишува Момче е. Радоста, тие ја прославија со најблиските.

Претходна статијаЖивеевме 11 луѓе во трособен стан: Тешката судбина на Оливер Драгојевиќ
Следна статијаИрена Спасовска: Тежок е овој живот кафански