Елена Јовческа е една од нашите најпопуларни пејачки кај нас и во дијаспората и себеси се нарекува амбасдор на македонската култура.
-Јас сум горда што насекаде кажуваат дека сум амбасадор на македонската публика. На сите моите турнеи сум пречекана како дома..
Си го сакам својот народ и онолку колку што ги сакаш луѓето, те сакаат и тие тебе. Еве, јавно се заблагодарувам на сите што биле на моите концерти насекаде во светот“, изјави таа во едно интервју за estradaworld.blogspot.com
Освен по тоа што е атрактивна и убаво пее, таа е позната и по тоа што со свирењето на нашите изворни музички инструменти како гајдата и зурлата, стана ценета и барана кај нашинците во странство.
Елена одлично „вози“ и во новокомпонираните, и во народите песни кои ги бара нејзината публика.
– Имав одлична турнеја, од моите песни на прво место е „Горда Прилепчанка“, потоа „Коса ми побеле“, песна која ја испеав од легендата на македонската песна Виданка Георгиевска, каде што бев и нејзин гостин на нејзиниот јубилјеен концерт.
Потоа „Пола живот помина“ и „Мики не си фер“, додека пак помладата популација ја бараат „Шмизла““, изјави Елена во истото интервју.
Таа ја објави песната „Не ме допирај“, која предизвика интерес кај нејзината публика.
-Текстот е љубовен. Сакав и направив песна различна од сите други и сум горда на самата себе. НЕ МЕ ДОПИРАЈ е песна која што многу и се допадна на младата популација и ми е драго за овај успех.
Во текстот се раскажува во сеќавање како некогаш имало љубов биле среќни и тоа исчезнало. Затоа и се вика НЕ МЕ ДОПИРАЈ!“, изјави Елена за ubava.mk
Шило Магазин неодамна ја исконтактира добро познатата пејачка и дозна каде е, со што се занимава и како се справува со оваа глобална кр -иза која многу ги погоди музичарите кои сега немаат настапи.
Во телефонскиот разговор Елена открила дека моментално живее во Скопје и е вработена во добро позната фирма МБД Груп која е опшествено одговорна компанија која се занимава со монтажа и изработка на ПВЦ прозори, врати и продажба на овошна ракија, а исто така МБД Груп е и спонзор и на РК Бутел.
Елена е инаку диполмиран економист.
Елена Јовческа за Женски магазин раскажа како си ја негува убавината: Да бидам искрена јас сум личност која не користи многу козметика и кога не сум на настап сакам да изгледам најприродно.
Токму затоа не преферирам да користам многу козметика. Природно си е природно.
Линијата моја (се смее) тешко прашање… Внимавање на исхрана и многу вежбање. Веќе тренирам кик бокс. Во Прилеп тренирав кај мојот драг пријател Филип Сливјаноски, а сега бидејки живеам во Скопје тренирам кај Иле Ристески“, изјави фолкерката.
Фото: Фејсбук принтскрин