Се јави Искра Канзурова и откри за што најмногу не ја бива

0

Искра Мишиќ, или Искра Канзура, порано Искра Џабазова е поренешна сопруга на Игор Џамбазов.

Нашиот познат шоумен и глумец, додека беа заедно секогаш јавно кажуваше колку му е значајна сопругата. За неа, Игор напиша и песна..

Песната се вика „Жена ми не сака блуз“. „Ова што го слушате, може ќе ви завузчи премногу лично, а и малку слично.

Ова што го слушате, посветемо е на една жена, но не на било која, туку на онаа мојата што е само моја“, вели песната на Џамбазов која ѝ ја посвети на Искра.

„Нормално дека тој беше дел од мојот живот и ќе остане дел од него, јас не бегам од тоа. Нашиот paзвод не беше некултурен и нецивилизиран, едноставно беше нешто што на двајцата ни стана јасно дека ќе се случи.

После нашиот развод ако за нешто сум му благодарна е тоа што немам лоши зборови чуено од него за мене, но ни тој од мене за него.“, има изјавено Искра за Игор во едно интервју.

И двајцата, сега се среќни, секој на своја страна. Игор во врска со Илина Арсова, а Искра во брак со Владимиор Канзуров, со кој има две деца.

Искра е горда мајка на Матеа и на Меглен.

Сега, на Искра поворно ѝ цветаат рози. Освен што е среќна дома, среќна е и на работа.

По три години ТВ пауза, Искра се врати на телевизија, во емисијата „Добро утро, секое утро“, на Алфа телевизија. Искра изјави дека враќањето пред камерите многу ја исполнува.

„Матеа наполни 12 години, талентирана е за балет, оди во нижо балетско училиште. Многу сум горда на неа, играше во претставата „Кавалериа Рустикана“ во МОБ.

Горда сум и на Меглен, тој наполни десет години, тренира фудбал во „Вардар“. Не пропушта ниту еден поважен фудбалски натпревар“, изјави Искра за Женски магазин.

Искра на својот Фејсбук понекогаш има обичај да ги коментира актуелните случувања кај нас.

Зелени кровови, вертикални градини, многу зеленило – се ветувањата на инвеститорите кога се градат нови згради во Скопје, една од најзагадените метрополи во светот.

Темата повторно стана актуелна по најавите за вертикалните градини на новите згради што се најавуваат во строгиот центар на Скопје, на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“.

Според изјавите на архитектот Мартин Пановски во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, кога за прв пат презентираше фотографија од реалниот проект, на парцелата од 12.000 квадрати дури 6.520 ќе бидат зеленило, објави неодамна Радио Моф.

Меѓутоа, иако зеленилото никнува на сите страни во идејните проекти за зградите, реалноста во Скопје знае да биде малку поинаква. Така на пример, проектот кој беше најавен како урбана градина во Карпош, различно изгледа во реалност.

Доволно е само да се споредат сликите со кои тој се најавуваше пред неколку години, а кои сѐ уште стојат на Фејсбук страницата на инвеститорот, објави порталот.

Токму проектот кој беше најавен како урбана градина во Скопје, Искра Канзурова го спореди со своите домаќински способности. Таа објави слика од идејниот проект на една од зрадите и го спореди со торта.

На постот на кој коментираа многу нејзини следбеници таа вели: Еднаш во животот мој пробав да направам торта. Ваква испадна, крива и без вкус.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаДодека Апасиев зборуваше на говорница, пратениците тропаа по масите (ВИДЕО)
Следна статијаПорано глава не можеше да дигне од свадби и турнеји по Австралија, сега се занимава со ПВЦ прозори: Познатата фолкерка смени бизнис