Владеачкиот СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ синоќа до доцна во ноќта, си разменуваа обвинувања за тоа кој го блокирал донесувањето на петтиот сет мерки вчера во Собранието.
Според СДСМ, во текот на вчерашниот ден (четврток) ВМРО-ДПМНЕ правела се за граѓаните и компаниите да не ја добијат поддршката од петтиот пакет мерки.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, преку опструкции и одолговлекувања се обидуваа да ја одложат помошта кон граѓаните и стопанството, правеа се за над 16 000 работници се уште да не земат плата, илјадници компании да не ја добијат ветената помош.
Во налетот на изгубеност, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот координатор денес свесно атакуваше жена, колешка пратеничка и го одзеде правото на збор и ја попречи во слободата на говор“, рече, пред полноќ, пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска, на прес-конференција пред Собранието.
Според неа, секогаш кога кворумот е под ризик поради пратенции болни од ковид-19, ВМРО-ДПМНЕ не придонесува за кворум.
„Но граѓаните треба да бидат спокојни. СДСМ и парламентарното мнозинство ќе сторат се за оваа поддршка да стигне до граѓаните, до работниците. Потребните измени ќе бидат усвоени.
Ќе бидат исплатени платите, ќе им се помогне на сите загрозени компании, ќе се спроведат сите мерки од петтиот пакет. Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и на опозицијата во Собранието уште еднаш ќе бидат поразени“, рече Георгиевска.
Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, власта одбива да се донесе петтиот пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството. Немаат пари во буџетот, па манипулираат со јавноста и смислуваат разни изговори, оценува тој.
„Џафери требаше да констатира дека нема доволно пратеници за 32. седница и да ја продолжи 36. седница. Очигледно тоа е некој договор или, пак, немаат пари, па манипулираат со јавноста и граѓаните и стопанството.
Морам да кажам дека не само на оваа 32. седница, туку и на сите други седници не се усвојуваат амандмани на опозицијата.
Се додека оваа опозиција од 44 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и другите пратеници во вкупен број од 58 пратеници, не се испочитуваат и не се сфати улогата на тие пратеници, никогаш нема да имаат кворум за седници“, рече Мицевски, на прес-конференција доцна во ноќта.
И Мицевски настапи со оценки дека мерките се блокираат затоа што буџетот е празен и нема доволно средства за да се исплати помош за граѓаните и за стопанството. За однесувањето на Џафери, пак, рече дека тоа е однос кон сите пратеници во Собранието.
„Претседателот на Собранието, со неговите реакции, го покажува односот према сите пратеници во овој законодавен дом. За жал, денеска бевме во ваква ситуација. Очигледно не сакајќи да се донесе петтиот пакет мерки се бараше какво било оправдување за да се случи нешто во Собранието.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беше тука и не дозволи да се случи некој поголем инцидент, се со една цел да се изгласа петтиот пакет на мерки кои што со нетрпение ги очекуваат граѓаните.
Јас сум свесен дека во текот на утрешниот ден ќе почнат да се бараат оправдувања по нивните портали и медиуми и ќе почнат да ги спинуваат вестите. Меѓутоа македонската јавност гледа и знае што се случуваше овој ден и оваа вечер во Собранието“, рече Мицевски.
Подоцна синоќа, на социјалните мрежи се огласија и од партијата „Левица“, кои го пренесоа говорот на лидерот Димитар Апасиев. Интересно, додека Апасиев зборуваше, пратениците тропаа по масите (видео подолу). Тој во еден момент им се обрати на оние кои тропаа, но остана нејасно, дали тоа го правеа пратениците од власта, или од опозицијата:
„СПИКЕРОТ ГИ ОДОЛГОВЛЕКУВА ЗАКОНИТЕ ЗА ПОМОШ НА СТОПАНСТВОТО
Процедурално обраќање на пратеникот Димитар Апасиев, по повод одолговлекувањето за свикување на 36-та седница за петтиот пакет мерки, од страна на спикерот Талат Џафери.
„Вистината е дека Вие, вчера во 14:30ч. не викнавте на вонредна координација на којашто јасно беше кажано дека, СДСМ со своите 42 пратеници е ЗА свикување на 36. седница (за донесување на петтиот пакет мерки), ВМРО со своите 44 пратеници беше ЗА свикување, Левица беше ЗА свикување, немаше претставник од Алијанса и Алтернатива, ДУИ не се изјаснија – тоа значи дека, сте имале 2/3 мнозинство да свикате седница.
На крајот од средбата ни беше кажано – таква седница денес нема да има, денес ќе има само 32. седница, за да во 18ч. пред завршување вие ја свикате таа седница, веројатно поради прити сокот на јавноста.
И сега, кога ќе лоцираме вин овници, бидејќи јас не сум ни во едната ни во другата коалиција гледам малку по објективно – нема друг вино вник за случајов од СДСМ и ДУ И!
Затоа што, прво, СДСМ нема контрола над тоа што се случува во парламентот, и тоа што Заев како лидер на СДСМ ќе го договори, не може да го испорача во парламентот. Зошто? Затоа што спикерското место е дадено на друга партија, којашто на моменти покажува непослушност кон лидерот.
И не случајно Груевски, во 10 години не го даде спикерското место, бидејќи е многу моќно тоа спикерско место! Вие можете да тропате меѓутоа ја немате контролата над парламентот, спикерот ја има контролата.
Од друга страна, каприцот на спикерот е „зошто не бил повикан на лидерската средба и зошто тие направиле сметка без крчмар“. Од тука, доаѓаме до заклучокот дека од еден каприц, луѓето не можат со месеци да си го остварат она што им следува.
Нашата порака како опозиција е – во моменти кога не можете да обезбедите кворум, ќе прифатите ултиматум, а тоа е – свикајте ја 36. седница и толку!“