Огнен Здравковски не крие дека е вљубен: Лина, те сакам (ФОТО)

0

Огнен кој во Србија и пошироко се прослави по учеството во „Звезде Гранда“, и откако настапи со својата мајка Софче во шоуто „Никад није касно“, неодамна беше повторно во Белград.

Тој објави фотографија со познатиот пејач, срцекршачот на женските срца, Саша Ковачевиќ и напиша: Братот најубав, Саша Ковачевиќ.

Здравковски го користи убавото сончево време за прошетка и за дружење, а освен во убавото време, тој уживаше и во убаво друштво.

Огнен закачи стори со згодна блондинка. За неа само знаеме дека се вика Мартина и дека е студентка по медицина, но работи и како модел.

Мартина глумеше во новиот спот за Огнен за песната „Љуби ме“, која ја промовираше во август минатата година.

Сега, тој е во друштво со уште една многу згодна девојка и популарна пејачка, Лина Пејовска.

Лина е и една од нашите најпопуларни инфлуенсерки. во интервју за „Хаштаг“ таа изјави:

– Инстаграм е местото каде сум најактивна, следам, постирам и ме следат.

А, за тоа од каде имам повеке фанови од Македонија или надвор повторно ќе кажам дека поголемиот број се фанови надвор од земјава.

Но, и тоа не е важно, единствено ми е важно да се вистински и дека го сакаат она што го работам“.

Огнен објавувајќи слика со Лина, стави и срце, па веројатно неговите фанови и пријатели се прашале дали се толку блиски пријатели?

Или можеби, помеѓу нив има и нешто повеќе. Блазе си му на Огнен со такви „другарки“.

Последната ноивна објава дефитивно кажува дека се повеќе од пријатели. Моја Лина, те сакам, напиша Огнен под сликата која ја објави со познатата пејачка.

Уште едно стори кое Огнен го објави како се бакнува со Лина открива за нивната голема бликост. Сликата кажува повеќе од илјада зборови.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаАна Бекута многу се покајала поради една своја одлука
Следна статијаДодека Апасиев зборуваше на говорница, пратениците тропаа по масите (ВИДЕО)