Илда Шаулиќ искрено за кавгите и несогласувањата во бракот

0

На почетокот на јули минатата година, Илда Шаулиќ најпрвин сопшти дека таа и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ го очекуваат второто дете.

Дека таа е бремена, дознала на роденденот на нејзиниот брат на 15 јуни, па се израздува дека за неколку месеци таа и нејзиниот сопруг по втор пат ќе станат родители.

Но во исто време Илда им соопштила на медиумите дека е и позитивна на вирусот, а за заразата дознала неколку дена откако докторот и потврдил дека е бремена.

Пејачката немала никакви симптоми, само заради превентива се тестирала откако дознала дека е бремена, се со цел да биде спокојна, но…

Тестот бил позитивен, а два дена после тоа ги добила и симптомите. Го изгубила чуството на вкус и мирис, иако немала температура.

Илда сето ова го сподели и на социјалните мрежи, поточно на својот Инстаграм профил:

„Драги мои, морам да споделам две вести со вас, едната убава, а другата не толку добра. Првата е дека нашето семејство ќе стане побогато за уште еден член, што сите со нетрпение неизмерно го чекаме.

Точно заради бременоста, отидов и на тест и добив резултат што ми покажа дека сум позитивнa на вирусот.

Јас веднаш ќе ви кажам дека немам никакви симптоми, се чувствувам добро, па нема причина да се грижите, но во исто време јас сум свесна за сериозноста затоа ги преземав сите пропишани мерки, вклучително и самоизолација.

Ви благодарам однапред на убавите желби и бидете добро. Ве сака Илда“ – напишала таа на социјалните мрежи.

Но, при крајот на јули, Илда соопшти дека го загубила бебето. Навистина, премногу лоши случувања за познатата пејачка во рок од година и неколку месеци.

Шаулиќ вели дека освен губењето на бебето многу тешко и паднало што требало да соопшти на нејзината ќерка дека нема да добие брат или сестра. Но, популарната пејачка последните неколку дена добиваше само добри вести од најблиското опкружување.

Имено, в недела, внукот на Илда, син на нејзината сестра Санела, фудбалерот Лука Аџиќ, ја сподели со следбениците на Инстаграм добрата вест дека за неколку месеци ќе стане татко.

Јас сум веќе тетка, но сега ќе бидам баба-тетка. Многу сум изненадена и навистина се радувам на една прекрасна работа што ќе се случи во нашите семејства по подолг временски период.

Јас сум исклучително среќна за него и за Александра и за Божјата волја што добија едно девојче – рекла Илда.

Во врска со шпекулациите дека во последно време имало кавги и несогласувања меѓу неа и нејзиниот сопруг , таа прокоментира:

– Немаме несогласувања, генерално, имам некои ситни кавги, што е нормално, инаку, се надополнуваме доста убаво. Јас се прилагодувам на него, тој на мене и тоа засега функционира убаво – заклучи пејачката.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЛидија Вукичевиќ раскажа како на овие години изгледа вака: Јадам раванија
Следна статијаРизично е здравјето на Славица Ќуктераш, иако го прележа вирусот