Огнен Здраковски во друштво на популарна пејачка, срцињата ги издадоа

Пејачот Огнен Здравковски убавото време го користи за да се прошета во природа, во Градскикот парк.

Тој објави слики со својот миленик и напиша: Сончев ден со мојата Лара.

Огнен кој во Србија и пошироко се прослави по учеството во „Звезде Гранда“, и откако настапи со својата мајка Софче во шоуто „Никад није касно“, неодамна беше повторно во Белград.

Тој објави фотографија со познатиот пејач, срцекршачот на женските срца, Саша Ковачевиќ и напиша: Братот најубав, Саша Ковачевиќ.

Огнен е сктепн од болка по загубата на својот вујко, познатиот виолинист Зоран Џорлев кој на 1 јануари оваа година засекогаш си замина од овој свет, како последница од заразата со вирусот.

Огнен сите свои настапи оттогаш му ги посветува на својпт вујко, и често на социјалните мрежи пишува колку му недостасува.

Со неговата неодамнешна објава, тој својот вујко го зачува од заборавот, тетовирајќи го неговиот лик на неговата рака.

– На едно овековечување кај дечкото со златните раце Симон Капчев! Фала ти најмногу за прекрасниот портрет! Вујче мој, додека сум жив и ти ќе живееш секогаш со мене… До следно видување!!! “, напиша Огнен.

– Велат дека времето лечи се, ама тоа не е точно. Болката не може да се заборави, цел живот ќе ја носиме со нас.

Ќе чекорам по неговите стапки, ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да ја продолжам неговата традиција.“ – изјави Огнен за Бекстејџ.

Здравковски го користи убавото сончево време за прошетка и за дружење, а освен во убавото време, тој уживаше и во убаво друштво.

Огнен закачи стори со згодна блондинка. За неа само знаеме дека се вика Мартина и дека е студентка по медицина, но работи и како модел.

Мартина глумеше во новиот спот за Огнен за песната „Љуби ме“, која ја промовираше во август минатата година.

Сега, тој е во друштво со уште една многу згодна девојка и популарна пејачка, Лина Пејовска.

Лина е и една од нашите најпопуларни инфлуенсерки. во интервју за „Хаштаг“ таа изјави:

– Инстаграм е местото каде сум најактивна, следам, постирам и ме следат. А, за тоа од каде имам повеке фанови од Македонија или надвор повторно ќе кажам дека поголемиот број се фанови надвор од земјава.

Но, и тоа не е важно, единствено ми е важно да се вистински и дека го сакаат она што го работам“.

Огнен објавувајќи слика со Лина стави и срце, па веројатно неговите фанови и пријатели се прашале дали се толку блиски пријатели?

Или можеби, помеѓу нив има и нешто повеќе. Блазе си му на Огнен со такви „другарки“.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин