Ова се синот и снаата на Дино Мерлин, имаат интересна животна приказна

0

Дино Мерлин и неговата сопруга Амела имаат прекрасна љубовна приказна, за која многумина велат дека е филмска, а круна на нивната љубов се синот Хамза и ќерката Наида.

Бидејќи децата на регионалната музичка ѕвезда не се занимаваат со јавна работа, а Дино е познат по тоа што својот приватен живот го чува од љубопитните очи, многу малку се знае за синот и ќерката на Дино Мерлин.

Сепак, Дино никогаш не криел колку е горд на нив и на нивните успеси, бидејќи тие прераснале во неверојатни млади луѓе.

– Жалам што моите деца пораснаа толку брзо. Преку борбата за живот, ние често забораваме дека животот се одвива токму тука и сега.

А, кој е поважен во тој живот од најблиските до вас? Наида е родена кога ја започнував кариерата и како дете доживеа сè, од сиромаштија до, метафорички кажано, кавијар и шампањ.

Навикната е на скромен живот, па нејзиниот одговор на моето прашање што да ѝ донесам од Њујорк или Париз е секогаш: „Тато, благодарам, имам сè, само дојди дома што е можно побрзо“.

Не ја интересираат материјалните работи, за разлика од нејзиниот помлад брат. Кога се роди Хамза, веќе немавме никакви егзистенцијални проблеми. Тој се навикна на тоа, а јас иАмела му дававме сè што сакаше.

Кога ќе го прашам што му треба, и тој не чека да ја завршам реченицата, тој веќе има список со порачки – еднаш рече пејачот за „Хелоу!“ и додаде:

– Секој ден учам нешто од нив. Амела и децата се мојата основа, и се обидувам да им бидам поддршка.

Јас и сестра ми пораснавме со нашата мајка и многу добро знаеме колку ни беше тешко, особено за неа, која беше и татко и мајка истовремено.

Веројатно е фактор зошто сум му толку посветен на семејството. Моите деца растат со двајцата родители и, за среќа, немаат идеја за каков благослов се работи.

Не се осмелувам јавно да кажам, се надевам дека никој нема да ми замери, дека Наида и Хамза се воспитани и скромни млади луѓе.

Синот на Дино, Хамза Дервишалидовиќ, има 28 години и се школувал во Берлин, а студирал менаџмент и политички науки во Истанбул.

Иако не е често пред камера, тој е дел од секој проект на својот татко, а двајцата со години негуваат успешна соработка, пренесува „Мондо“.

И ќерката на Дино исто така е дел од меаџментот на својот татко на одредени проекти.

Хамза и неговата сопруга Џенета неодамна го добија синот Незир, а Дино е пресреќен што семејството расте.

Хамза и Џенета се венчаа пред две години, а нивната љубов датира уште од средношколските денови, исто како и љубовната приказна на Дино и Амела.

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПоминувам покрај вратата каде што живеевме, но празно е: Адријана Алачки со срцепарателна посвета
Следна статијаОгнен Здраковски во друштво на популарна пејачка, срцињата ги издадоа