Австрија нема да ја чека ЕУ за пасошот, на Германија и требаат работници од Балканот

0

Швајцарија, Германија, Италија и Австрија, се едни од најчестите дестинации за Македонците и општо Балканците, кои ја бараат својата подобра иднина.

Работа има и за квалификуваните работници е полесно, бидејќи тие најчесто добиваат покана од работодавците, а нивно е само да научат одреден степен од јазикот.

Најчесто прво оди еден член од семејството, а потоа ги повлекува сопружникот, бидејќи со две плати, веќе е полесно за функционирање, па дури и за штедење. Но состојбата со корона вирусот ги ископлицира работите.

Фото: Јутјуб принтскрин

Австрија планира од април да воведе зелен ковид пасош за оние кои се вакцинирани, имаат негативен ПЦР тест или прележале коронавирус. Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека нема да ја чекаат ЕУ, која денеска предложи ваквите сертификати да се воведат од јуни.

Новиот документ ќе се вика Дигитален зелен сертификат и бесплатно ќе го добијат сите државјани на ЕУ кои ќе приложат доказ дека примиле вакцина против ковид-19, но и оние кои имаат негативен тест или го прележале вирусот.

Планот, за кој ќе се дискутира на самит на лидерите на ЕУ следната недела, предвидува создавање на таканаречени ковид пасоши кои би го олесниле патувањето од една во друга членка на Унијата.

Во Австрија, дигиталниот сертификат ќе биде ку-ер код врзан со лична карта или пасош и ќе се издава во две фази, во првата од април за тестираните, а во втората од јуни за оние кои прележале или се ванкцинирани.

Кога ќе влезе во целосна употреба на ниво на ЕУ, ковид пасошот треба да ги содржи овие информации: сертификат за вакцинација, сертификат за ПЦР или брз антиген тест и сертификат за оздравеност (кој најрано може да се издаде на 11-от ден по првиот позитивен ПЦР тест и за максимум од 180 дена).

Треба да се издава бесплатно од државите на ЕУ за сите граѓани на Унијата, нивните семејства и на граѓани од трети земји кои се резиденти во државите во ЕУ. Овие ковид пасоши ќе важат додека трае пандемијата.

Австрискиот државен секретар Магнус Брунер изјави дека ако одлуката за ковид пасоши во ЕУ не се донесе до летово, тогаш ќе треба да се направат билатерални договори со земјите кои се најважи дестинации за туристички патувања.

Законот за доселување на стручна работна сила во Германија овој месец го одбележува својот прв роденден. Овој закон, по многу перипетии, стапи во сила на 1 март 2020 година, кратко по избивањето на пандемијата на корона во Германија и првиот локдаун на средината од март минатата година.

Независниот интердисциплинарен Совет за миграција и интеграција (СВР), кој ги советува политичарите, па и германската влада, по прашања од сферата на миграција и интеграција, прави биланс за досегашните ефекти од законот.

„Поради короната е тешко да се оцени какво би било навистина дејството на овој закон по првата година од неговото постоење“, вели за ДВ еден од членовите на Советот, професорот по економија Пану Поутваара, инаку директор на Институтот за истражување миграции на угледниот универзитет „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен.

„Факт е дека во Германија, поради воведувањето мерки за отежнат влез на граѓани од т.н. ризични подрачја поради избивањето на пандемијата на корона, дојде и до далеку помало доаѓање на стручна работна сила од странство, која на Германија ѝ е итно неопходна и никој не може да предвиди како ќе се одвиваат работите натаму“, вели професор Поутваара, а пренесува Дојче Веле.

Пандемијата во последната година имаше многу негативен ефект на доаѓањето на работна сила од земјите од Западен Балкан. Тоа, според стручњакот на СВР, особено се огледа во спроведувањето на т.н.

Западнобалканско правило, врз основа на кое неквалификуваните и ниско квалификуваните работници од тоа подрачје имаат привилегиран пристап до германскиот пазар на труд.

Ова правило, кое истекуваше на крајот на 2020 година, е продолжено до 2023 година. Граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, можат, независно од формалната квалификација што ја имаат, да се доселуваат во Германија со цел да работат до крајот на 2023-та.

Меѓутоа, за разлика од претходно, сега има ограничување во делот на бројот на лицата кои на овој начин може да влезат и работат во Германија, и тоа на 25.000 годишно.

Според наводи на СВР, во јануари и февруари 2020 година, значи пред избивање на короната, барања за виза поднесле 5.500 лица. а во периодот од април до јануари 2021-ва имало само 2.600 барања.

Пандемијата на коронавирус, од исти причини, има и големи негативни ефекти врз доаѓањето на квалификувана работна сила од сферата на здравството и нега на стари лица во Германија, велат од СВР.

Германските болници и домови за нега на стари лица немаат доволно персонал, а плановите на сојузната влада за олеснување на доаѓањето на медицински персонал и негуватели и од регионот на Западен Балкан се исто така отежнати. Причините се исти како и во случајот со неквалификуваните работници.

Законот за доселување стручен кадар донесе низа олеснувања, како на пример – кај овие барања веќе да не се применува правилото на проверка, според кое предност при вработување имаат работници од Германија и Европската унија.

Но, со оглед на отежнатите услови за работа на германските конзуларни претставништва во државите од регионот, драстично се намали бројот на стручен персонал кој пристигна во Германија, се вели меѓудругото во написот на Дојче Веле.

Претходна статијаБлагоја Грујовски за борбата со вирусот: Како да сакаше да излезе душата од мене, како да беа двајца во мене
Следна статијаБитолскиот проф. Трајковски: Вчерашните 1.293 се петтиот најголем број на новодијагностицирани од почетокот