Благоја Грујовски за борбата со вирусот: Како да сакаше да излезе душата од мене, како да беа двајца во мене

0

Еден од нашите најпопуларни фолк-пејачи и кај нас и во дијапората, весел лик чија музика е добредојдена на сите забави, Баже Грујовски во едно неодамнешно интервју за ИН ТВ зборуваше за нештата кои му се важни.

-Како и на сите мои колеги тоа е она што ни фали најмногу. Со месеци сме без ангажмани, не по наша вина и едноставно едвај чекаме да заврши оваа криза да се вратиме во нормален музички живот, она што е нашиот живот, ние живееме за музика и живееме од музика.-истакна Грујовски во интервјуто за ИН ТВ.

Покрај сите пропаднати ангажмани кои беа закажани за минатото лето, Благоја беше приморан да ја откаже и Австралиската турнеја каде што требаше да оди заедно со Стојне Николова, Бобан Мојсовски, Јане Рафаиловски и Мишел Трајковски.

Благоја во интервју за „Ехо“ зборуваше во какво Скопје би сакал да живее.

-Недостасуваат многу нешта и би исфрлил уште толку, но кусо: Мене најмногу ми недостасува простор, чист воздух и универзална сала. А, би демонтирал некои интервенции во и околу Вардар вклучително и панорамското тркало од 18. милиони евра, ако го направат.

Сакам да живеам во чисто Скопје без екстремни загадувачи, со брзи проодни улици без сообраќаен хаос. Знам дека е можеби многу, но треба да се стремиме кон таа цел“, рече пејачот.

Но, богатсвото на Благоја, вистинското богатство е дома. Во 2009 година, тој се ожени со Ирена, која е 20 години помлада од него. Ова е втор брак за пејачот и прв за Ирена. Заедно го имаат синот Марко.

Благоја беше во брак 10 години со презентерката Татјана Стојановска и со неа го синот Матеј кој е веќе возрасен.

Грујовски знае понекогаш да објави фотогрфаии од сопругата и од помалиот син, а со една таква се пофали неодамна, од Маврово, како со Ирена и со Марко уживаат на снегот и во чистиот воздух.

Баже се пошегува на сметка на новонастанатата состојба за музичарите, и објави видео на кое се прикажува свадба на модерен начин, без бучава, а на видеото, луѓе преку блутут, слушаат музика на слушалки и танцуваат.

Во интервју за ММС.мк, Грујовски раскажа за неговата борба со вирусот, во кој иако не верувал, вели дека едвај се извлекол.

Првично, Баже мислел дека како што слушал- дека се загрозени само ранливите категории, постарите, но потоа сфатил дека нема правила, и дека можат да се заразат луѓе од различни генерации.

Откако качил температура, па го болело целото тело, коските и мускулите, прво помислил дека е настинат, но потоа откако направил тест и покажал дека е позитивен, заминал во болница.

– Прво бев во „8 Септември“, но по три дена ми се искомплицира состојбата. Многу се влоши. Ми рекоа дека настанала Цитогенска бура, за која јас немав поим што е и колку е опасно.

Дури отпосле дознав што конкретно ми се случувало. Дека од тоа, доколку не се спречи нема спас. А спасот се случи откако по барање на моето семејство, бев префрлен во приватна болница.

Од приватната болница дојдоа и ме земаа во многу тешка состојба, со кислородна боца ме однесоа“, рече тој за ММС.

Лекот со кој се лекувал се вика „актемра“ и не е баш достапен, се набавува од странство. Благоја изјави дека се користи со години и за сосема други болести, но се испоставило дека и во неговиот случај го има истиот ефект.

„Јас немав напад директно од вирусот туку од имунолошкиот систем. Кога не би се случила таа бура јас ќе имав само пневмонија предизвикана од вирусот.

Првите два дена беа навистина тешки. Да не драматизирам, но навистина беше тешко. Поминав и низ нешто како клиничка см -рт, иако постојано бев во свесна состојба. Имав на моменти чувство како да сака да излезе душата од мене.

Како да беа двајца во мене. Тоа неколку пати ми се случи. Дали беше вистина или мене само така ми се чинеше, не знам.

Но, имав впечаток дека еден од мене сакаше да излезе. Прв пат во животот почувствував дупликат во мене, во тие критичните денови.

Како да едниот од мене сака да излезе, дека е уморен и дека му е преку глава. Така грубо би го опишал ова чувство. Додека лежев едниот од мене потстануваше и се враќаше.

Јас постојано бев свесен или полусвесен, дишев со помош на кислород. Па мене само 5-10 проценти ми беа здрави белите дробови, се друго било блокирано“, рече пејачот кој вели дека многу ѝ должи на неговата сопруга.

Фото: Јутјуб принтскрин,  Фејсбук принтскрин

Претходна статијаКаролина, Тоше и Андријана како помлади: Спомени од едно време кога другарството беше најважно (ФОТО)
Следна статијаАвстрија нема да ја чека ЕУ за пасошот, на Германија и требаат работници од Балканот