Јордан Митев е еден од нашите најуспешни фолк пејачи. Тој со успех опстојува на македонската сцена долги години. Како автор досега има напишано голем број композиции, а некои од нив се наградувани во Македонија.
-За овие 15 години созреав и како пејач, и како човек. Почнав од 19 години и замисли како е да почнеш на тие години сам и да си од провинција. Не е лесно.
Затоа навистина низ годиниве како еволуирав како човек и како маж, така еволуирав и како пејач. Кога гледам што сум правел пред 10 години смешно ми е.
Но, такви биле годините, такво било размислувањето, сум мислел дека така треба и секогаш сум се трудил да бидам оригинален.
Да ми рекол некој пред 10 години дека ќе правам песни како што е „Жена за 100 години“, „За тебе“, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ немало да поверувам, изјави во една прилика Митев.
Тој на својот профил проговори за дуетот кој го има снимено со Анета Молика:
-Почитувани фанови, пред да почнам со работа на нови проекти сакам за вас и за сите љубители на добрата песна да биде достапно за слушање и гледање уште едно мое дело кои беше сработено пред точно 10 години и кое истото по брзиот полет кон височините од страна на недобронамрени луѓе беше уништено.
Правев многу обиди за да ја спасам оваа песна но првата изведба и првиот оригинал секогаш останува запаметен. Сакам да напоменам дека тогаш песната не беше повлечена по моја воља и мое барање како автор и изведувач на истата!
Тогаш по неколку месеца од објавата на песната бев обвинет од страна на одредени квази музичари дека оваа песна е копија на друга македонска песна.
Остварив контакт со човекот со кого ја споредуваа мојата песна и иако приватно ми призна дека неговата песна нема никаква врска со мојата сепак јавно не ме поддржа.
И ден денес тврдам дека оваа песна, овој дует е 100% оригинален и е една од најквалитетните песни-дуети направени во последните 10 па и повеќе години во македонската новосоздадена фолк музика.
Нема да дозволам нашиот македонски синдром на самоуништување да ја уништи и оваа песна, иако беспотрено тогаш се фрли голема црна дамка на овој проект и на мене како личност. Се е простено.
Доколку некој мисли спротивно спреман сум тоа да го одбранам и докажам каде сакаат и како сакаат. Поради тоа, песната заслужува да живее и да се слуша, впрочем тоа го бараа и многу мои фанови сите овие години.
За професионалните квалитети на почитуваната гостинка на овој проект Анета Мицевска, нема што да се каже освен еден од најдобрите вокали на Балканот.
За такви вокали како неа треба вакви оригинални моќни песни. Летај песно, таму каде што ти е местото! МОЈА ЅВЕЗДА ВОДИЛКА!
Тој во неделата на Прочка, напиша дека треба да се простува, но и што според него треба да се прави, за грешките да не се повторуваат:
„Доколку има вистинско и од срце покајаније, треба да биде простено и заборавено. Доколку нема покајание, пак треба да биде простено, но не и заборавено бидејќи грешката може да биде пак направена.
Како и да е простете, за другите, но и заради себе, за да си го ослободите срцето и душата. Не и е лесно на луѓето што живеат со гнев и омраза.
Затоа да се трудиме да бидеме што по добри и по позитивни, и наздравете за љубов, за среќа, за секој ден, зошто животот е еден и тој не е вреден ако не го живееш.Наздравје и за многу години!“