Македонец од Белгија објасни како таму делуваат мерките за заштита и што не работи со месеци

0

Вчера Комисијата за заразни болести објави дека ќе нема нови рестриктивни мерки барем до понеделник.

Комисијата ќе чека да види како ќе се движат бројките и на новозаболени и на хоспитализирани до крајот на оваа недела, но и по што ќе се носи одлука дали полицискиот час од 22 часот навечер до 5 часот наутро ќе биде засилен со нова рестрикција.

Европските земји исто така воведоа полициски час, а во некои траат и по неколку месеци во континуитет.

Во Белгија веќе неколку месеци живее Виктор Илиески, поранешниот директор на Филхармонија со семејството.

Во претходно интервју, додека уште беше директор на оваа инстутитуција, и пред да започне пандемијата, Илиески најави дека се преговара за концерт на голема ѕвезда.

– Имаме преговори со Пласидо Доминго за настап со филхармоничарите. Ја чекаме конкретната одлука на министерството за култура, со колкав буџет ќе располагаме во 2020 година, зависно од тоа и ќе донесме одлука“, изјави тој.

– Со мојата работа како прв човек на институцијата, лично сум презадоволен од сите резултати кои ги постигнавме. Во овие две години успеавме да ги решиме сите недостатоци на објектот, кои ги утврдивме во текот на работата.

-Набавена е опрема која што е неопходна за целиот процес на институцијата. Оформено е и ново одделение за аудио и видео продукција.

-Во однос на програмскиот и продукцискиот дел, успеавме да ја подигнеме програмата на повисоко ниво. Исто така, имаме поголема поддршка од Министерството за култура.

-Конечно добивме конкретна поддршка од страна на пријателите и спонзорите на институцијата. Имаме конкретен бенефит за институцијата. Добивме нов концертен клавир во вредност од 160 илјади евра после 28 години.

Во новата сезона имаме најави за конкретни корпоративни партнерства со неколку компании“, изјави Илиески во интервју за Слободен печат.

Почитувани колеги, соработници, пријатели, После 3 години водење на една од најуспешните институции од културата , од денес започнувам нова страница од мојот приватен и професионален живот.

На 28.07.2017 година започнав нов предизвик, свесен и спремен за огромната одговорност која ја преземав. Работев со огромна љубов, посветеност и желба да ја издигнам институцијата Македонска филхармонија!

Горд сум на целиот тим кој што работи во институцијата и кој што го дооформивме со 40 нови вработени!

Се радувам што во 3 години, со огромна посветеност, со голема поддршка на државата и поединци, предавам институција која по сите параметри и стандарди е меѓу најуспешните институции од културата!

На мојата колешка Тина Иванова, како мој наследник и посакувам успешна работа и ќе бидам секогаш на располагање на институцијата, министерството за култура и Владата!

На крајот сакам да и се заблагодарам од се’ срце на мојата сопруга Елена, која за целиот период ми беше вистински столб!

Од денес нашиот нов дом е БРИСЕЛ!“, објави тој во октомври минатата година. Денес Илиески раскажа со какви мерки Белгија се изборила против ширењето на вирусот.

– Во Белгија речиси 5 месеци во континуитет, на сила се строги мерки…

-Затворени ресторани, кафичи, пабови ; Забрана на организирање на настани – концерти, претстави ;


-Полициски час – од 22 ч.навечер до 5 ч. наутро!“, објави тој. Потоа, на прашање од пријател дали овие мерки имаат ефект, тој објасни:

„Крајот на октомври имаше по 25000 случаи дневно, бројките паднаа на 2000….Овој период почнаа да растат 3000-3500.“

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаПред да дојдам во Канада бев кај жена која ми кажа: Имаш змија за пријателка – ти сè и кажуваш, а таа ти расипува
Следна статијаТања Савиќ ја добива битката за децата: Ми се остварија молитвите