Ирена Спасовска објави слики со ќерка си како слави: Среќни сме што те имаме

0

Веќе неколку пати пишувавме дека македонската фолкерка Ирена Спасовска откако сврте „нов лист“ во животот, реши да „држи до себе“! И тоа во секој поглед.

Од исхрана до линија, од провод до изглед! Ама џабе имиџот, стајлингот и гардеробата, ако најпрвин не ги дотераш изгледот и линијата на телото.

Тоа Ирена добро го знае, па затоа реши теретаната да и биде втор дом!

Па откако ќе се разбуди, ќе го среди домот и обврските околу „двете ќерки“ иако реално има само една, а онаа втората е нејзиното кученце Луна, Ирена за да го доведе своето тело до „совршенство без маана“ – правец теретана!

Ирена во едно неодамнешно интервју коментираше за состојбата на естрадните уметници за време на пандемијата.

– Кризата нè погоди најмногу нас, естрадните уметници и да бидам искрена за да не западнам во меланхолија, многу ми помогна тоа што возев по два часа часа велосипед на ден, и целата негативна енергија ја ослободував преку возењето.

Нашата работа е специфична, бара контуинирано работење и не трпи подолго излегување од колосек.

Секое утро, пијам свеж лимон со пола литар топла вода. Ме прашуваат дали сум вљубена…

Секако дека сум вљубена, љубовта е двигател на сите нешта, така што да, љубовта е присутна околу мене во сите облици“, откри таа во Женски магазин.

Ирена Спасовска е секогаш актуелна на социјалните мрежи. Неодамна објави фотографија во друштво на ќерка си Тамара, од која ретко покажува слики. „Тами и мами“ стои во описот на фотографијата.

Ирена досега изјавила дека нејзината ќерка е многу музикална, но дека таа нема да ѝ се меша во изборот на професијата туку ќе и даде поддршка што и да одлучи.

Покрај заедничка особина за музикалноста, она што веднаш може да се забележи, е дека Тамара многу личи на мајка си.

Имено за оваа фотографија тие имаат и сличен стил на фустани, но и иста боја на коса.

Во последната своја објава Спасовска сподели слика од себеси, но и од ќерка си, со која имаше повод за славење, во домашни услови.

На прв поглед, според украсеноста на нивиот дом, изгледа како Тамара или Ирена да слават роденден, но не е така. Роденден слави нивниот миленик.

Ирена го украсила целииот стан во роденденски дух и напиша:

– Си славиме пет годинки на нашето милениче Луна. Да си ни живо и здраво меченце слатко што ни даваш неизмерна љубов.

Среќни сме што те имаме и многу те сакаме“, објави пејачката и го покажа својот украсен дом и торта со свеќичка.

И таа и ќерката на сликите се роденденски дотерани, а имаат дури и славенички капи.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаТајната на Азис која до скоро беше непозната – проговори и неговата мајка
Следна статијаМими од „Звезде Гранда“ вистински ја опиша Јелена Карлеуша каква е