Османи објасни каде прават грешка при попишувањето нашинците во дијаспората

0

Од почетокот на овој месец, започна најголемата статистичка операција, пописот, која кај нас не беше реализирана подолг период.

Фото: Јутјуб принтскрин

Дилемите беа дали во време наљ пандемија треба воопшто да се организира пописот, бидејќи многу држави истиот го презакажаа за налето или наесен.

Фото: Јутјуб принтскрин

ВМРО-ДПМНЕ денес предложи план пописот да се одржи во септември, изборите во ноември, а во меѓувреме имунизација на граѓаните и попишувачите.

– Одржување на теренски попис за втора половина на месец септември годинава, веднаш имунизација на население, задолжителна имунизација на попишувачите. Заради здравствените околности, и одложување за еден месец на локалните избори, за ноември годинава, рече Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Јутјуб принтскрин

Сепак, над 60 илјади граѓани коишто живеат надвор од Северна Македонија досега се попишале преку онлајн апликацијата.

Најголем интерес има во Швајцарија, Германија и во Италија, рече денес министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Послаб интерес за самопопишување пројавиле иселениците во Австралија и во Канада.

По првиот бран, кога дневно се самопопишувале по 7.000 до 8.000 граѓани, надлежните минатата недела укажаа дека е спласнат интересот кај дијаспората и најавија дека ќе започнат кампања со цел да се укаже од важноста на спроведувањето на пописот, кој во земјата за последен пат е одржан пред 19 години.

Фото: Јутјуб принтскрин

Според Бујар Османи, најмногу иселеници, или околу 16 илјади, се попишале во Швајцарија, што претставува околу една четвртина од очекуваните бројки. Следни се Германија со околу 10 илјади и Италија со 6.000 попишани иселеници.

Фото: Јутјуб принтскрин

Попишувањето на македонските дипломати и членови на конзуларни претставништва завршува денеска, но попишувањето на дијаспората продолжува до 21 април.

Фото: Јутјуб принтскрин

„Пописот е важна работа, а учеството на дијаспората значи правилно мапирање на дистрибуцијата на нашите граѓани во странство, што е важно за да имаме основа за носење развојни политики врз прецизни податоци, кои ќе бидат од директно значење за нашата дијаспора“, вели Османи, а пренесува ДВ на македонски.

Фото: Јутјуб принтскрин

Во однос на малиот интерес за попишување кај дијаспората, особено во Австралија, Османи вели дека нема информации од Дипломатско конзуларните претставништва, ниту од неговите лични контакти дека некој активно бојкотира или дава отпор за попишување во дијаспората.

Фото: Јутјуб принтскрин

„Меѓутоа, не можам да исклучам таква можност, зашто не можеме сите наши граѓани да ги контактираме за да го слушнеме нивното мислење“, вели тој.

Фото: Јутјуб принтскрин

Во врска со проблемите со апликацијата за самопопишување, Османи вели дека проблемот најчесто се јавува кога граѓаните ќе го внесат матичниот број од С. Македонија, а во полето за држава ќе ја напишат државата во која се наоѓаат.

Фото: Јутјуб принтскрин

Потребно е да напишат „Република Северна Македонија“, бидејќи во спротивно системот не ги препознава македонскиот матичен број во комбинација со друга држава.

Фото: Јутјуб принтскрин
Претходна статијаМи се јавува во 3 наутро да ме слушне од болница: Сопругата на Тозовац загрижена за здравјето на пејачот
Следна статијаПред неполн месец тагуваше по својот пријател Балашевиќ, сега и тој го напушти овој свет