Хелена Роза е една од нашите најпознати ТВ водителки, која пред неколку години одлучи, заедно со своето семејство да се пресели во Нов Зеланд. Нејзиниот сопруг, кој е поранешен фудбалски голман, на почетокот играше за тамошен клуб, а сега се занимаваат со други професии.
Нов Зеланд е во самиот врв помеѓу земјите со најдобра благосостојбата на животот, а неговиот најголем град Окленд е меѓу трите најдобри градови во светот по квалитетот на живот.
Новозеланѓаните посветуваат подеднакво време за живот и забава, колку што посветуваат и на работата. Нов Зеланд е безбедна земја и општество кое скоро да не знае за корупција.
Поради тоа, како и поради чистата и незагадена природа, развиената економија, добриот здравствен систем и квалитетното образование, таа е многу посакувана дестинација за семеен живот.
Со силна, развиена и просперитетна економија, Нов Зеланд е земја на одлични можности за работа. За разлика од многу други земји во светот, економијата на Нов Зеланд не беше значително засегната од светската финансиска кри за.
Вработеноста значително се зголеми во последните пет години и се очекува да расте уште повеќе во наредниот период. Денес најголеми можности за работа имаат стручните лица во областа на индустријата, медицината и информатичката технологија, но и во другите сектори, особено ако вашата професија е на списокот на дефицитарни професии во Нов Зеланд.
Но Македонците кои живеат во Нов Зеланд се соочуваат со еден голем проблем, а тоа е номожноста да извадат патба исправа. Галама уште при крајот на месец септември минатата година пишуваше за овој проблем, токму за македонец кој живее и работи во Нов Зеланд.
Битолчанецот Александар Јоначиќ, тогаш побара од надлежните институции да му помогнат на граѓаните како него, чија важност на пасошот истекла, а се наоѓаат во странство.
Тој не може да добие работна виза, бидејќи важноста на пасошот му истекла во јуни, а во меѓувреме Нов Зеланд заради пандемијата ги затвори границите за влез и излез, по што му пропаднал планот да се врати во Македонија и да извади нова патна исправа.
-Ми пишаа луѓе како може да се вратам во Македонија, но ако се вратам во Македонија, потоа не можам да се вратам тука, наједноставно е продолжување на важноста на пасошот како што го направија некои други држави, изјави тогаш Алексаандар.
-Јас имам аплицирано за нов пасош, во конзулатот во Австралија, ги добив сите документи, добив и потврда дека сум аплицирал, не можат да ми дадат пасош, не можат да дојдат во Ноз Зеланд, границите се затворени, во самата потврда ми објаснија дека можат да дојдат дури наредната година јуни 2021 што е доцна.
Не само за мене, за сите останати луѓе, контактирам со уште 5 семејства кои го имаат истиот проблем, рече тогаш Александар Јоначиќ.
Од имиграционото во Нов Зеланд му посочиле дека засега тој е начинот за да ја добие работната виза која ја бара.
-Тие велат дека сите документи се супер, понуда за работа, плата која треба да ја добијам, единствениот проблем е важноста на пасошот, рекоа дека ќе бараат начин да го решат тој проблем, како ќе го решат, ќе видиме, вели тој.
Во меѓувреме се обратил и до надлежните институции.
-Од МНР ме упатија дека треба да поднесам барање за нов пасош во конузлатот во Австралија, јас тоа веќе го имав направено. Од конзулатот ме упатуваат во МНР.
Јас не ги обвинувам ниту едните ниту другите, никој не очекуваше дека вака ќе биде, најбезболниот начин да се продолжи пасошот кои се негде и некаде заглавени, вели тој. Ако во Австралија е поминат пасошот ако аплицираш ќе ти даадат, нивниот принцип е поразличен, рече во септември минатата година Александар.
Се чини дека проблемот сè уште не е решен. Хелена Роза вчера објави статус во кој ги прозва премиерот Заев, миниостерот во МВР Спасовски и министерот за надворешни Бујар Османи, да го решат овој проблем:
Драги мои ФБ знани и незнани другари. Ќе ве замолам да одвоите 1 минута од вашето време и да се потпишете. ПЕТИЦИЈА.
Апел до Мак. Влада – решение за издавање на документи за Македонците од дијаспората. Зоран Заев, Оливер Спасовски Бујар Османи.
Ги замолувам исто така Македонските новинари и медиуми да информираат за овој сериозен проблем , на кој наидуваат Македонските граѓани кои што живеат надвор од Македонија на привремен и постојан престој.
Оваа иницијатива е покрената од страна на повеќе или помалку засегнати – без пасоши- граѓани на Македонија кои во моментов живеат, работат или учат во Нов Зеланд.
Проблемот за жал не е само за овие Македонци, туку е присутен низ целиот свет, и вадењето на патна исправа или било каков и да е документ, преставува вистинска голгота и макотрпна процедура, која во нормални услови трае со месеци, а понекогаш и години.
Со ковид пандемијата за жал проблемот е уште поголем , т.е без решение како овие граѓани и дали воопшто ќе имаат валидна патна исправа. Ве молам за потпис и доколку не ви е проблем споделете. Благодарам.
Таа потоа отвори и петиција на Change.org и замоли за поддршка со цел решавање на овој проблем:
„Повеќе од 1000 граѓани – државјани на Република Македонија, поради ситуацијата со ковид – пандемијата, не се во можност да извадат нови пасоши. Оставени на милост од страна на Македонската Влада, која до ден денес не покажува ни малку интерес за решавање на овој сериозен проблем.
После неколку без успешни обиди да се најде решение за овој проблем, и никаков одговор од страна на Македонските институции, решивме да ја покренеме оваа петиција со надеж дека ќе допре до Македонските власти.
Петицијата има за цел да се најде и обезбеди брзо решение, со кое би се решил овој проблем во најбрз можен рок.
Поради неможноста да се извади нов пасош, многу Македонци се наоѓаат во неизвесна ситуација и немаат можност за продолжување на нивните ( работни, студент) визи, а со самото тоа и неможност да го продолжат својот живот како што планирале, напиша Хелена Роза.