Анастасија Ражњатовиќ, ќерката на фолк- ѕвездата Цеца, тргна по стапките на нејзината мајка. Таа редовно објавува мудри цитати на социјалната мрежа Инстаграм.
Младата пејачка одлучи да ја отвори душата и на своите обожаватели на Инстаграм им одговори на се’ што сакаат да ја прашаат.
Едно од прашањата се однесуваше на механизмот што го изградила за да се носи со негативните коментари…
– Настојувам да не им посветувам внимание. Не ми е лесно секогаш. Некои луѓе умеат мошне сочно да ме навредат а никогаш ме немаат видено во живо.
Притисокот е огромен. Мене ми е важно јас да сум добра со самата себе и во својата глава, да бидам искрена кон себе и да ја знам вистината.
Не сум личност што тежнее да се самосожалува кога ќе згреши, стојам зад своите грешки и веднаш настојувам да ги коригирам и да поработам на своите маани.
Како што знаете, времето е најдобар показател и секого става на своето место, по заслуга, напиша Анастасија.
Младата пејачка наведе дека, покрај мајка ѝ Цеца, за најубава жена на светот ја смета актерката Моника Белучи.
Анастасија даде интервју за Женски магазин.мк и меѓудругото, зборуваше и за љубовта.
– Во љубовта себеси би се дефинирала како искрена, посветена, верна и романтична личност.
Исто така точно знам што сакам и не се согласувам на никакви компромиси, кои би ме воделе да се откажам од себе и да ја менувам својата суштина.
Имам среќа што го најдов тоа што го барав. До мене имам момче, кое што е остварување на мојот идеал за маж.
Интелигентен, сталожен, чесен, духовит и умее прекрасно да сака“, рече таа. Во интервјуто, таа зборуваше и за својата мајка.
– Мајка ми е нестварно силна жена. Способна е да го спаси семејството кога е најтешко. Способна е да го одржи сето тоа со неверојатна сила и оптимизам.
Солзите на мајка ми се многу скапи и малкумина можеа да ги видат. Не се сомневам дека во текот на својот живот таа научила да плаче во себе, бидејќи во денешниот свет солзите се сметаат за слабост“, реча Анастасија.
Денес, Анастасија Ражнатовиќ одлучи да ја замени зимата во Србија со лето, и затоа ги спакува куферите и отиде далеку!
Оваа музичка ѕвезда се упати кон Малдивите, од каде им се пријави на своите следбеници преку сторија на Инстаграм.
Таа покажа во каков луксуз ќе ужива во наредните денови. Судејќи според нејзините најави, Анастасија дефинитивно знае како да ужива.
Она што не е познато е со кого заминала пејачката на годишен одмор.
Се надеваме дека тоа ќе ни го покаже во наредните денови.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин