Тијана Дапчевиќ, скопјанката која долги години живее во Белград е сестран уметник. Таа е пејачка, виолончелист и актерка. Има глумено во неколку српски претстави, а нашата публика во нејзиниот актерски талент се увери откако ја виде во улога на Германката Ула во „Преспав“.
Тијана веќе 20 години е во складен брак со сопругот Милан Дапчевиќ, и се родители на синот Вук кој има 12 години и е музички талентиран на мајка му.
Кога славеа 18 години брак, со емотивна посвета на својот Инстаграм профил, Тијана му ја честиташе годишнината на Милан и ја откри историјата за тоа како го добила своето име и како го запознала сопругот.
„Мојата мајка, (многу пред да стане тоа), ја читала приказната на Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вљубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓура, подоцна одлучила дека и јас треба така да се викам.
Две училишта, една Академија и „неколку“ љубови подоцна, го запознав Милан на местото на кое не ни знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар), затоа што спорт не поднесувам.
Оттогаш, ние двајца поднесуваме сѐ. Од тогаш, сите мисли ми почнуваат со множина. Нека ни е среќна годишнината, љубов моја“ ,напиша Тијана тогаш.
Таа рертко споделува слики од сопругот Милан, а неодазмна откри и зошто е тоа така. Мил мој Дапче воопшто не сака да се слика, и секогаш едвај го уловувам за фотка. Сега успеав.
Мојата карпа, и ветар во грб веќе 20 годинки. Баџица е надвор од контрола, затоа е матен.
– Ќе пеам сè додека имам глас и сè додека можам да дишам барем малку воздух, без оглед на тоа која боја е на таа апликација што го мери загадувањето“, напиша Тијана за кракот на 2020 година на својот Фејсбук.
Таа во последно време често објавува колку ужива во готвењето.
Тијана се пофали со своите вештини во кујната во шоуто „Гранд магазин“, но го коментираше и Јутјуб каналот на нејзината колешка Марија Шерифовиќ.
– Ништо не ми се допаѓаше за време на оваа пандемија, но се посветив на правење различни јадења, тоа го правев како занимација – рече пејачката.
Тијана потоа се осврна на новата „професија“ на нејзината колешка Марија Шерифовиќ, која започна да снима популарни влогови на Јутјуб, во која покажува како ги поминува своите денови.
– Мара нека си се држи до микрофонот“ , рече Тијана низ смеа и додаде: „Марија е уметник, музичар, пејачка и никогаш нема да биде влогер, тоа е само момент на креативност“, искоиментира Тијана За Шерифовиќ.
Фото: Инстграм ријана Дапчевиќ и Марија Шерифовиќ, Јутјуб принсткрин