Јоци: Затуроска која денес држела ,бла бла” говори мисли заборавивме дека лапнала 153 илјади за патни трошоци

0

Денес на конститутивна седница во собранието се верифицираа мандатите на новоизбраните пратеници.

Цврсто верувам дека новите пратеници, во овој мандат, ќе изнајдат соодветни механизми за издигнување на пратеничката функција и поставување на пиедестал кој и законски и припаѓа, недозволувајќи да биде деградирана институцијата пратеник преку низа невистини и инструменти за поткусурување и омаловажување, порача Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да бидеш народен избраник е повеќе од доверба и огромен аманет, затоа еден искрен апел до новите пратеници: Бидете достоинствени, непоткупливи, бидете цврсти и свои, секогаш подготвени да одговорите на сите предизвици кои, верувајте, никогаш не се лесни туку напротив се многу тешки и непредвидливи.

Ви посакувам спокоен мандат со многу одлуки кои ќе бидат во прилог на сите граѓани на Република Македонија и во насока на зачувување на нејзините нишани во целост, порача таа.

Целиот нејзин статус, погледнете го во продолжение:

,,Собраниската конститутивна седница помина и денес се верифицираа мандатите на новоизбраните пратеници.
Цврсто верувам дека новите пратеници, во овој мандат, ќе изнајдат соодветни механизми за издигнување на пратеничката функција и поставување на пиедестал кој и законски и припаѓа, недозволувајќи да биде деградирана институцијата пратеник преку низа невистини и инструменти за поткусурување и омаловажување.

Сакам да се заблагодарам на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Hristijan Mickoski, моите сопартијци и моите верни поддржувачи и гласачи кои во повеќе наврати ми ја даваа нивната доверба, а јас им возвратив како што доликува: со искрена, достоинствена, несебична и посветена работа сите овие години, дури и во најтешките и најпредизвикувачки моменти останав достоинствена и во ниту еден момент не ги извалкав и не ги погазив нивните интереси, барања и доверба.

Да бидеш народен избраник е повеќе од доверба и огромен аманет, затоа еден искрен апел до новите пратеници:

Бидете достоинствени, непоткупливи, бидете цврсти и свои, секогаш подготвени да одговорите на сите предизвици кои, верувајте, никогаш не се лесни туку напротив се многу тешки и непредвидливи.

Ви посакувам спокоен мандат со многу одлуки кои ќе бидат во прилог на сите граѓани на Република Македонија и во насока на зачувување на нејзините нишани во целост.

СО СРЕЌА И СО УСПЕХ! Секогаш за ВМРО-ДПМНЕ! Секогаш за МАКЕДОНИЈА!”

На овој нејзин говор, коментар даде новинарката Јорданка Ивановска Јоци:

,,Затуроска, која денеска држела фб говори за достоинство, чест и бла бла, изгледа мисли заборавивме која е – дека за девет години ,,лапна” 153.000 евра САМО ОД ПАТНИ ТРОШОЦИ. [сума без 2020 година].

Добро, затоа сум јас тука, да потсетам. Неа не и` гајле, гарант си вели ,,ќути си, трпај си”. А, оние вмројнине уууууште ја гласаат.
Зад неа се Силвана Бонева со 128.000 евра, а потоа Александар Николоски со 127.000 евра.

Секако, има и од СДСМ, екс и сегашни, но овие се топ вмровска ,,четворка”, од кои двајца се повторно пратеници.

Целата листа на сл.линк:
https://a1on.mk/macedonia/po-150-iljadi-evra-za-patni-troshoci-pratenici-rekorderi-vo-pominati-kilometri/“

Претходна статијаДрагица Стевковска: Драги пријатели, пишувам и плачам – се надевам дека Менде пак ќе лета
Следна статијаКаракамишева: Собранието не е конституирано сеуште – за тоа да се случи требаше да биде избран Претседател