Каракамишева: Собранието не е конституирано сеуште – за тоа да се случи требаше да биде избран Претседател

Со заштитни маски, според протоколите за превенција од ковид-19, и по задолжителното мерење температура на влезот, пратениците од десеттиот парламентарен состав, избран на изборите од 15 јули, вчера дисциплинирано почнаа да доаѓаат во Собранието, уште пред 11 часот.

Почетокот на конститутивната седница беше закажана во 12 часот, но претходно веќе се одржуваше координативна седница меѓу поранешниот претседателот на Собранието, Талат Џафери, со претставници на политичките партии, на која беа договорени техничките детали за текот на седницата.

Поради здравствена безбедност и одржување физичка дистанца, од порано беше најавено дека конститутивната седница нема да се одржува во пленарната сала „Македонија“, туку во салата под собраниските куполи на покривот, која беше подготвена специјално за оваа пригода, но без можност за електронско гласање и барање збор од страна на пратениците…

На координацијата беше договорено пратениците да се пријавуваат за збор преку координаторите на политичките партии. Неизвесноста за претседавањето на седницата, поради здравствената состојба на Џафери, беше расчистена веќе претходниот ден, кога беше објавено дека во добра кондиција ја напуштил Инфективната клиника, каде што беше хоспитализиран изминатите десетина дена.

Пред почетокот на конститутивната седница, не можеше да се забележи некоја раздвиженост низ Собранието – нешто поради тоа што новинарите беа „изолирани“ во медиумскиот центар и поради протоколите беше ограничено движењето низ собраниската зграда, но и пратениците исто така максимално ги почитуваа истите правила и, почитувајќи ги препораките за дистанца, речиси во колона се движеа до одредиштето, без можност за „неконтролиран“ контакт со медиумите.

Конститутивната седница почна со „академско“ задоцнување од дваесетина минути, по што беше изведена македонската химна од оперската певица Весна Илкова-Гиновска. На првата прозивка на пратениците беше констатирано присуство на 117 пратеници, тројца беа отсутни.

Но, професорката од Правен факултет, Тања Каракамишева, вели нешто друго: СОБРАНИЕТО СЕ УШТЕ НЕ Е КОНСТИТУИРАНО!

Согласно Деловникот на Собранието, конститутивната седница завршува по изборот на претседателот на Собранието за што е потребно мнозинство од најмалку 61 пратеник.

Со оглед дека ниту една партија го нема потребното мнозинство за избор на претседател, конститутивната седница очигледно дека ќе потрае.

Дури по завршување на конститутивната седница на Собранието започнува рокот од 10 дена за доделување на мандатот за да започне постапката за составување на влада!

Се молат новинарите правно да се информираат пред да пишуваат текстови и наслови како овој! Новинарите треба да информираат објективно и правилно, а не да ја дезинформираат јавноста!

Претходна статијаЈоци: Затуроска која денес држела ,бла бла” говори мисли заборавивме дека лапнала 153 илјади за патни трошоци
Следна статијаФилипче направи пресек – испливавме ли од летниот бран, сите бројки укажуваат на тоа