Драгица Стевковска: Драги пријатели, пишувам и плачам – се надевам дека Менде пак ќе лета

0

Драгица Стевковска Дракче: ,,Драги пријатели пишувам и плачам се надевам дека нашава приказна ке има убав крај благодарение на хуманоста на една дама и групата ЖЕНСКИ ДОМАКИНСКИ МУАБЕТИ
НАШИОТ УБАВЕЦ МЕНДЕ.

Пред 17 години малото штркче учеше да лета но падна во нашиот двор со повредена нога. Се обидовме да го излечиме и тој летна со јатото на југ.

Наредната година ни дојде се прошета во дворот како да сакаше да каже ДОЈДОВ..

Си направи гнездо. Имавме гости од Австралија по потекло од Битолско и се разбира дедо Васил му даде име Менде..

И така нашиот Менде секој ден се симнуваше во градината без страв шеташе во неа и кога ке немаше никој оставаше пердув како знак дека бил на гости.

Наредната година донесе партнерка и така редум секогаш во март тој ни го красеше нашето маало.

Пред три години не зафати невреме се сруши гнездото и Менде остана без дом.. Тагуваше шетајки по сите бавчи во околколината. Побаравме помош од ЕВН и добивме убаво гнездо..

Но на15 јули годинава додекасе радувавме дека имаме нови 4 штркчинја Менде го удрило струја во ногата и крилцето.

Го лечевме со мелеми и спреј тој задраве и самиот летнал. НО СРЕКАТА ни траеше само 2 дена кога тој не толку заздравен ја повредил ногата од обрачот на гнездото. И големи маки не снајдоа има болки сежали.

Баравме помош пробавме да помогнеме со совети што да јаде како да пие вода но никако ногата да заздрави.

Ете денес по мојата објава добив совети и подршка.. ЕДВАЈ ЧЕКАМ МЕНДЕ ДА ЛЕТА…”

Претходна статија(ФОТО) Бившата на Кајмакоски се качи на јахта и покажа со што располага
Следна статијаЈоци: Затуроска која денес држела ,бла бла” говори мисли заборавивме дека лапнала 153 илјади за патни трошоци