(ФОТО) Бившата на Кајмакоски се качи на јахта и покажа со што располага

0

Во македонскиот езерски бисер овој викенд вриеше како во кошница од домашни туристи, кои го преплавија, пристојно го окупираа и уште понепристојно го унередија и извалкаа градот кој некогаш беше познат по својата уреденост и чистота.

Непочитувањето на пропишаните мерки заради ризикот од корона заразата пак, е приказна за себе. За последиците, не дај Боже, допрва ќе станеме свесни, коге веќе не бевме свесни во старт да ги испочитуваме здравствените и безбедносни протоколи.

А, во Охрид продолжениот илинденски викенд буквално пристигна „кој стигна“… Од оние што никогаш и не биле или барем не би отишле ако границите со јужниот сосед беа отворени, до оние што таму „киснат“ секое лето. Меѓу нив и голем дел од нашите познати и јавни личности, а меѓу „сите ѕвезди“ и таа – македонската мисица, манекенка, модел и пејачка во обид – Кристина Димитриевска.

Плажата и езерото покрај модната писта се разбира се најдоброто место да се покажат „тути атрибути“, па сиот твој телесен раскош и убавина, да излезе на виделина. Така и македонската убавица не отстапи од овие норми па се’ со што мајката природа ја надариле, Кристина го изложи на езерската шир и сончевата светлина, за да ја овековечи својата убавина.

За уште еднаш сите да видат дека на расната тетовка фотографирањето и лежи, таа и овие летни охридски кадри ги сподели на социјалните мрежи.

Патем, Кристина не пропушти да ја се солидаризира со својата поискусна и попозната колешка, македонската манекенка и познат топ модел – Катарина Ивановска, па неколку од маичките од нејзината нова „Парго“ колекција, Кристина облече на себе, заради реклама и нивна презентација.

Останатото воглавно беше демонстрција на сопствената телесна раскош, па Кристина соблечена во темно сини мини бикини ги истакна своите бујни облини… Малку во вода, малку покрај брегот или распослана на јахта на езерската шир, балканската убавица одново побуди немир, особено кај машката популација.

И додека „љубоморните и завидливите“ од конкуренцијата и ги ловат целулитот и стриите, таа мирно ги полнеше батериите впивајќи ги сончевите зраци на своето тело. Патем, иако е насекаде околу нас, Кристина од короната нема мака – напротив, короната дури и ја држи врака, додека така испружена ужива во возењето на јахта по езерото.

Но, за да нема забуни, се работи за познатото мексиканско пиво со „несреќно“ име исто како и заразниот вирус, кое на убавицата не и пречи да ужива во неговиот освежителен вкус на летната горештина, додека ја покажува сета своја вештина на позирање пред објективот!

Извор: Вистина

Претходна статијаСе гради грандиозна православна црква во срцето на Менхетен во Њујорк (ВИДЕО)
Следна статијаДрагица Стевковска: Драги пријатели, пишувам и плачам – се надевам дека Менде пак ќе лета