(ВИДЕО) Габриела: Славчо од Велес дојде на врата, плачеше, моли за јадење – му било срам да каже, со денови не бил јаден

0

Денес со почеток од 16 часот започна забраната за движење на населението, и согласно одлуката на Владата ќе трае до понеделник до 5 часот. Со ова, почнува 61-часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава.

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, противпожарните територијални единици и земјоделските лица.

Дежурните аптеки ќе работат непречено, а продавниците, маркетите и рестораните ќе примаат нарачки и ќе вршат достава на своите производи. Маркетите кои немаат соодветна дозвола за работа за време на полицискиот час, ќе бидат санкционирани.

Подготвени се пакетите со храна и прехранбени производи за помош, наменети за стари и изнемоштени лица во Општина Центар. Мобилните тимови се веќе на терен и ги доставуваат пакетите до пензионерите во општината.

„Јавното здравје е заедничка одговорност и ние, како одговорна општина, нема да дозволиме оваа криза да ги погоди нашите најранливи сограѓани“, соопшти на Фејсбук градоначалникот Саша Богдановиќ.

Сите оние кои имаат потреба мобилните тимови, можат да се обратат на телефонскиот број 077 963 672.

Даниела, Ѓоко, Предраг, Никола, Анастасија и Гзим се само неколкуте волонтери во мобилните тимови на Црвениот крст и Општина Охрид кои деновиве им пружаaт услуги на своите сограѓани како набавка на прехранбени продукти, средства за лична хигиена и лекови и плаќање сметки за режиски трошоци,

Волонтерите на подрачјето на градот Охрид веќе неколку дена им помагаат на старите и изнемоштени лица и на лицата со специјални потреби, и лицата во самоизолација директно до нивниот дом, откако властите секојдневно апелираат граѓаните да останат дома, и да помогнат во успорување на новиот коронавирус за кој веќе е прогласена пандемија.

Габриела Рогужарова на својот профил на социјалните мрежи сподели видео и напиша текст со објаснување:

,,Апелирам до сите граѓани за помош!! Се работи за Славчо Јованов од Велес. Дојде на врата, плачеше, моли за јадење… Му било срам да каже, со денови не бил јаден… Комшија ми е,во иста зграда живееме..  Ве молам кој колку може да донира храна и средства за хигиена Споделувајте!!!!!, Да бидеме луѓе!

Апелирам до сите граѓани за помош!!Се работи за Славчо Јованов од Велес.Дојде на врата,плачеше,моли за јадење…Му било срам да каже,со денови не бил јаден…Комшија ми е,во иста зграда живееме..Ве молам кој колку може да донира храна и средства за хигиена Споделувајте!!!!!Да бидеме луѓе!!!!!

Публикувахте от Габриела Рогужарова в Петък, 10 април 2020 г.

Претходна статијаЗаев и Мицкоски се огласија и открија во каква состојба се
Следна статијаДимитар Апасиев: Подруго е коа си политичка фаца