Димитар Апасиев: Подруго е коа си политичка фаца

0

Министерот Венко Филипче Во однос на редовната дневна статистика кажа дека потврдени се 48 нови случаи на Ковид 19 во изминатото деноноќие. Со ова вкупно во земјата се 711 дијагностицирани пациенти. Новодијагностицираните се по градови:

Скопје – 11, Куманово – 25, Штип – 1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид – 1, Гостивар – 2.

Во текот на изминатото деноноќие имавме и рекорден број на тестови, точно 496.Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно по чинати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем.

Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој информиравме во текот на вчерашниот ден.

Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот.

Тој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот.

Резултатот на Христијан Мицкоски, кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети за неговите контакти.

Резултатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со оглед на тоа што тој синоќа веќе беше заминат за Струмица, ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по добивање на информациите е ставен во домашна изолација.

Статус на Димитар Апасиев од Левица:

Подруго е коа си политичка ФАЦА… Сите се фини и културни, ти се јавуе министерот лично, те тестираат по итна постапка по ноќевите и без симптоми…

Ако си обичен ГРАЃАНИН-СМРТНИК, тогаш те лечат една недела преку телефон и после им ум ираш у комбето. Постхумно, твоите дознаваат дека си бил “позитивен” 🙁

Подруго е коа си политичка ФАЦА… Сите се фини и културни, ти се јавуе министерот лично, те тестираат по итна постапка…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Петък, 10 април 2020 г.

p.s. На факултет ги учиме студентите дека законот (треба да) важи подеднакво, од колибата до престолот.

Претходна статија(ВИДЕО) Габриела: Славчо од Велес дојде на врата, плачеше, моли за јадење – му било срам да каже, со денови не бил јаден
Следна статијаПутин знае да награди: Познато што ќе добијат докторите во Русија следните три месеци