Министерот за здравство Венко Филипче освен што секојдневно држи прес конференции, тој по неколку пати во денот ги информира граѓаните за актуелната состојба и на својот профил на социјалните мрежи.
Неговиот вчерашен последен пост беше апел до сите граѓани – да ги заштитиме здравствените работници. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Тие за сите нас, ние за сите нив, рече Филипче.
-Секогаш давајте точни одговори на епидемиолошките анкети – кои се вашите сиптоми, дали сте биле во контакт со лице од странство или лице заболено од КОВИД-19. Со лажни информации ги ставате во опасност здравствените работници кои се грижат за вас, но и вашите најблиски со кои секојдневно сте во контакт.
Носете заштитна опрема и држете растојание доколку се сомневате дека сте заболени од КОВИД-19 или имате сиптоми карактеристични за вирусот. Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност.
Денес министерот Филипче објави прилично позитивни вести за бројот на заболени во изминатото деноноќие:
На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено поч инато лице на возраст од 44 години, кај кого постм ортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.
Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.
Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.
Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.
Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 261, Куманово – 130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38, Тетово – 29
Струга – 28, Велес – 10, Битола – 8, Охрид – 3, Кавадарци – 3, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 18.
Во изминатото деноноќие направени се 351 тест. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.
Денес нема да се одржи редовната прес-конференција, но одделението за односи со јавност е отворено за сите новинарски прашања и истите ќе бидат одговорени во најкус можен рок.