Бараме само респиратори, а една петина од заразените поч инуваат поради сосема друга причина

0

Фокусот во оваа пандемијата со Ковид 19 беше ставен на респираторните проблеми и обезбедување на доволно респиратори, но лекарите од првите линии се борат со нова медицинска мис терија. Имено, покрај разорното оштетување на белите дробови, голем број од пациентите со Ковид 19 развиваат и проблеми со срцето – и ум ираат од срцев удар.

Како што доаѓаат повеќе податоци од Кина и Италија, како и од државата Вашингтон и Њујорк, повеќето кардиолози веруваат дека корона вирусот може да го зарази срцевиот мускул. Првичното истражување открило срцево оштетување во дури 1 од 5 пациенти, што доведува до срцева слабост и смрт дури и кај оние кои не покажуваат знаци на респираторен дистрес.

Ова може да го промени начинот на кој лекарите и болниците треба да се справуваат со пациентите, особено во раните фази на болеста. Исто така, може да се отвори втор фронт во битката против пандемијата на Ковид 19, со потреба од нови мерки на претпазливост кај лица со постоечки проблеми со срцето, нови побарувања за опрема и секако, нови планови за третман на оштетувањето на срцето срца кај оние кои ќе го преживеат вирусот.

„Исклучително е важно да се одговори на прашањето: Дали срцето се инфицира и дали може да сториме нешто за тоа?“ вели д-р Улрих Јорде, шеф на одделот за кардијална трансплантација и механичка циркулаторна поддршка за Здравствениот систем Монтефиор во Њујорк. „Ова сознание може да спаси многу животи“.

Прашањето дали појавените проблеми со срцето се предизвикани од самиот вирус или се прапратна реакција на телото, стана едно од најзначајните непознатици со кои се соочуваат лекарите во обид да го раберат овој вирус и неговото делување.

„Некој кој ум ира поради тешка пневмонија, на крајот ќе поч ине затоа што срцето престанало да му работи “, вели д-р Роберт Боноу, професор по кардиологија на Северно-западниот Универзитет по медицина „Фајнберг“. „Не можете да внесувате доволно кислород во вашиот систем и работите се влошуваат“.

Но, Боноу и многу други специјалисти кардиолози веруваат дека инфекцијата со Ковид 19 може да доведе до оштетување на срцето и тоа на четири или пет начини, а кај некои пациенти се случува да бидат погодени со сите можни одеднаш.

На лекарите веќе долго време им е познато дека секоја сериозена болест и состојба (медицински настан), дури и нешто како операцијата на колкот, може да претставува голем стрес од кој ќе се оштети срцето.

Пневмонијата на пример, предизвикува општо воспаление во целиот организам, па може да доведе до настабилност на плаките во артериите кои пак, можат да предизвикаат срцев удар. Воспалението исто така, може да предизвика и состојба позната како миокардитис, која предизвикува слабеење на срцевиот мускул и на крај откажување на срцето.

Меѓутоа, Боноу смета дека оштетување на срцето кај пациентите со Ковид 19 е настанета од директно инфицирање на срцевиот мускул со корона вирусот. Имено, првичните истражувања укажуваат дека коронавирусот со своите “кукалки” се закачува за одредени рецептори во белите дробови, а истите тие рецептори се наоѓаат и во срцевиот мускул.

Во март, лекарите од Кина објавија две студии што го дадоа првиот увид на тоа колкава е распространетоста на срцеви проблеми кај пациентите со заболување од Ковид 19. Поголемото од двете студии разгледало 416 случаи на хоспитализирани пациенти. Истражувачите откриле дека 19% од имале знаци на оштетување на срцето и 51% од нив поч инале, наспроти 4,5% од случаите кои немале срцево оштетување.

Кај пациентите кои имале срцеви заболувања пред да се заразат со коронавирус, било поверојатно дека ќе резултатите ќе покажат оштеување на срцето. Но, некои пациенти без претходно срцево заболување, исто така, покажаа знаци на срцево оштетување.

Всушност, пациентите без претходно постоење на срцеви заболувања кои претрпеле оштетување на срцето за време на нивната инфекција, имаат поголема веројатност да умрат, отколку пациентите со претходни срцеви заболувања, но немаат срцеви оштетувања предизвикани од Ковид 19.

Не е јасно зошто некои пациенти се здобиваат со повеќе срцеви оштетувања и зошто воопшто Ковид 19 има ефект врз нивното срце, за разлика од другите. Боноу смета дека тоа може да биде како резултат на генетска предиспозиција или поради изложеност на повисоки вирусни оптоварувања.

Овие неизвесности ја нагласуваат потребата од поголемо следење на кардијалните маркери кај пациенти со Ковид 19, вели Јорде. Ако лекарите во Њујорк, државата Вашингтон и во другите жаришта започнат со проучување на тоа како вирусот влијае врз срцето, би можеле да се обезбедат резултати за ризиците и утвдување на упатства за тоа како лекарите да се справуваат со лекувањето на пациенти со Ковид 219 и во другите делови од земјата.

„Мора да претпоставиме дека вирусот влијае директно врз срцето“, вели Јорде. „Но, од суштинско значење е да се открие точно како тоа функционира“.

Собирањето на податоци и истражувањето во услови на криза е многу тешко. Идеално би било кога лекарите би можеле да земаат биопсија за да утврдат дали срцевиот мускул е заразен или не.

Меѓутоа, пациентите со Ковид 19 честопати се толку многу болни, што не можат да поднесат инванзивни методи. Исто така, зголемениот број на тестирања може да доведе до ризично изложување на поголем број здравствени работници. Голем број од болниците воопшто не користат електрокардиограми на пациенти во изолација за да се избегне дополнителен медицински персонал ви услови на немање доволно заштитни маски и друга заштитна опрема.

Сепак, д-р Сахил Парих, интервентен кардиолог од Медицинскиот центар Колумбија Ирвинг, во Њујорк, вели дека болниците прават заеднички напор да ги порачаат потребните тестови и да внесат наоди во медицинските досиеја за да можат да ја разрешат мистеријата за тоа што се случува со срцето.

Кардиолозите во Њујорк, Њу Џерси и Конектикат ги споделуваат најновите информации за Ковид 19 преку група на WhatsApp која има најмалку 150 члена. И, додека болниците во Њујорк работат под кризни услови, лекарите тестираат нови лекови и третмани на клинички испитувања за да можат своите сознанија за коронавирусот да ги споделат и на друго место со научна валидност.

Овој принцип на работа веќе резултираше со промени во начинот на кој болниците се справуваат со срцевите импликации на Ковид 19. Имено, лекарите откриле дека инфекцијата може да имитира срцев удар.

Тие ги однеле пациентите во лабораторијата за срцева катетеризација за да ја разјаснат сомнителната блокада, и биле изненадени од сознанието дека пациентот не претрпел срцев удар, туку дека е заразен со Ковид 19.

Новите протоколи сега вклучуваат воведување на кардиолог и добивање ЕКГ или ултразвук за да се потврди срцевата блокада, за да се заштити пациентот од непотребни постапки.

истражувањето на тоа како вирусот влијае врз срцето, треба да им помогне на лекарите да утврдат кои терапии треба да ги проследат за да ги одржат пациентите во живот.

Д-р Јорде изјави дека откако пациентите со Ковид 19 ќе закрепнат, тие би можеле да имаат долгорочни ефекти од вакво оштетување на срцето. Но, како што вели тој, постојат различни третмани за разни форми на срцево оштетување кои треба да бидат ефективни откако ќе помине вирусната инфекција.

Обработи: И.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаПрепораки за возачите на камиони – што треба да прават во странство и по враќањето во Македонија
Следна статијаМинистерот Филипче денес со добри вести – драстично намалување на бројот на заразени